„Оди избањај се“ – Машин Ган Кели мета на критики откако покажа дека со црна боја ги прекрил тетоважите
- Детали
- среда, 21 февруари 2024
„Ова е нешто најглупаво што сме го виделе“ – коментираат следбениците на Машин Ган Кели, кој се пофали дека за духовни цели ги прекрил старите тетоважи со црна боја, а на градите оставил само огромен крст.
Откако пред извесен период неговата свршеница Меган Фокс ја покажа новата тетоважа која се протега на нејзината рака, и Машин Ган Кели се пофали со нова уметност на телото. Тој целосно ги прекри тетоважите во горниот дел од телото.
Машин Ган Кели на Инстаграм се пофали со новата тетоважа, која го опфаќа целиот горен дел од неговото тело. Музичарот одлучи целосно да ги прекрие старите тетоважи и остави само неколку делови низ кои „ѕиркаат“ старите цртежи по неговото тело.
Сега целиот горен дел е прекриен во црна боја, а на градите има огромен крст.
„Ова е само за духовни цели“ – напиша до фотографијата.
Но, неговите следбеници не се импресионирани од неговото ново уметничко дело, а некои дури тврдат дека тетоважата е лажна.
„Лажеш брат, оди избањај се и врати се да те видиме“;
„Сигурно за оваа тетоважа си седел 763 часа“;
„Изгледаш како дете што го оставиле само со црн фломастер“;
„Изгледаш како да носиш кроп топ“ – стои во дел од коментарите на социјалните мрежи.
Б. С. Б. | Црнобело