Меган Фокс речиси гола во јавност: Градите ги прекри со лепенки, а со новата фризура изгледа непрепознатливо
- Детали
- четврток, 08 февруари 2024
„Има еден дел од мене што ми вели: ‘Морам да бидам гола денес’“ – изјави неодамна Меган Фокс, која по подолго време повторно се појави во јавност, а со новиот имиџ изгледаше речиси непрепознатливо.
Актерката Меган Фокс по подолго време повторно се појави во јавност, а благодарение на провокативното издание, сите погледи беа свртени кон неа.
Таа на забавата по Греми наградите беше сама, без свршеникот Машин Ган Кели, но неговото влијание е видливо во нејзиниот стајлинг.
Актерката се појави во фустан изработен од метална мрежа, а градите ги прекри само со лепенки, и на црвениот тепих беше речиси гола.
Таа изгледаше речиси непрепознатливо благодарение на розовата боја на косата, а на устата носеше моден детаљ изработен од злато. Јавноста имаше можност за првпат да ја види и нејзината нова тетоважа, што се простира речиси на целата рака.
Сепак, нејзините следбеници на Инстаграм велат дека актерката веќе е целосно непрепознатлива и дека почнала да го копира имиџот на свршеникот.
„Ова е целосно во стилот на Машин Ган Кели. Новата розова коса, новата тетоважа, розовата коса, дијамантското синџирче на ноктите, накитот на усните“;
„Не ме сфаќајте погрешно, но ова не е Меган Фокс веќе. Воопшто не личи на себе“ – стои во дел од коментарите.
Инаку, претходно Меган даде изјава за медиумите и рече дека сака да експериментира со стилот на облекување:
„Експериментирам да носам широки парчиња или да носам работи што не се премногу разголени. Но, има еден дел од мене што ми вели: ‘Морам да бидам гола денес’“ – вели актерката.
Погледнете уште неколку нејзини фотки:
Б. С. Б. | Црнобело