Ким Кардашијан бесна: Ќерка ѝ Норт (10) ја нацрта маќеата со разголен задник
- Детали
- петок, 16 февруари 2024
„Која е Ким да зборува за пристојност?“ – прашуваат твитерџиите откако беше објавено дека ријалити ѕвездата барала од нејзиниот поранешен сопруг да ѝ нареди на жена му Бјанка да се облече пред децата. Норт, пак, објави цртеж со разголениот задник на маќеата.
Ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, Норт, сакаше да се пофали со своите ликовни способности, па на ТикТок објави свој цртеж на кој ја нацрта нејзината маќеа Бјанка Сенсори со разголен задник и грб.
Следбениците на заедничкиот профил на Ким и Норт на ТикТок беа збунети од објавата, којашто требаше да ги наброи сите работи на кои Норт е благодарна, меѓу кои го спомна и новиот контроверзен албум на нејзиниот татко Vultures1.
Објавата по кратко време беше избришана, но сите имаа можност да го видат цртежот на 10-годишната Норт, кој всушност е репродукција на омотот од албумот на нејзиниот татко, на кој Бјанка се појавува во високи чизми и мала прекривка на задникот.
„Благодарна сум за Vultures 1 албумот бидејќи е неверојатно добар.
Исто така благодарна сум за црните мршојадци (black vultures) бидејќи ако тие не беа живи, овој албум немаше да излезе.
Последно, благодарна сум за добрата песна Carnival“ – напиша Норт над цртежот.
Иако објавата беше веднаш избришана, дел од медиумите успеаја да ги уловат реакциите и коментарите на следбениците кои ги критикуваа Канје и Ким како родители и тврдат дека го уништиле детето и не му дозволуваат барем малку да ја сочува невиноста.
Објавата следува само еден ден откако Daily Mail пишуваше дека Ким е гневна и барала од Канје неговата сопруга да се облече додека е со нивните 4 деца.
„Ким му нареди на Канје да ѝ каже на Бјанка да се облече, барем додека е околу децата“.
Но, на ова твитерџиите коментираат дека Ким е последната личност во светот која треба да зборува за пристојност.
За потсетување, Канје во изминатиот период постојано парадира со разголената сопруга Бјанка Сенсори, а многумина беа шокирани од омотот на новиот албум каде неговата нова сопруга се појавува целосно гола со високи чизми и проѕирно парче ткаенина врз задникот.
Прочитајте и Заработувала милиони, сега не смее да користи Инстаграм - Нови детали за сопругата на Канје Вест
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





