Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сопругата на Канје се валка во пари во стриптиз бар, откако тој ја фалеше дека е натпросечно интелигентна

„Таа има мастер по архитектура и коефициент на интелигенција 140“ – Канје Вест на Инстаграм ѝ го честита роденденот на сопругата, а на социјалните мрежи кружат видеа од лудата забава што тој ѝ ја приредил, на која таа речиси гола се валка во пари на подот од стриптиз бар.

soprugata-na-kanje-se-valka-vo-pari-vo-striptiz-bar-otkako-toj-ja-faleshe-deka-e-natprosechno-inteligentna-01.jpg

На социјалните мрежи масовно се споделува видеото на кое сопругата на Канје Вест, Бјанка Сенсори, ги дува свеќичките на тортата по повод нејзиниот 29-ти роденден. Раперот не штедел пари на прославата, туку на облека за сопругата.

На фотките и видеата објавени на социјалните мрежи, се гледа дека забавата била организирана во ресторан, а потоа се упатиле во стриптиз клуб во Лас Вегас.

soprugata-na-kanje-se-valka-vo-pari-vo-striptiz-bar-otkako-toj-ja-faleshe-deka-e-natprosechno-inteligentna-02.jpg

Бјанка повторно имала уникатен стајлинг дизајниран од нејзиниот сопруг, кој најави дека во 2024-та година таа не смее да носи панталони.

Таа се појави боса, во кратко здолниште и бикини, односно градите ѝ беа прекриени само со минијатурни триаголници.

soprugata-na-kanje-se-valka-vo-pari-vo-striptiz-bar-otkako-toj-ja-faleshe-deka-e-natprosechno-inteligentna-10.jpg

Исто така, на социјалните мрежи се споделени и фотки на кои се гледа дека Бјанка се валка на под во казино кој е прекриен со пари.

soprugata-na-kanje-se-valka-vo-pari-vo-striptiz-bar-otkako-toj-ja-faleshe-deka-e-natprosechno-inteligentna-05.jpg

Иако Бјанка редовно добива критики за нејзиниот избор на облека, Канје на Инстаграм ѝ го честита роденденот со посебна објава и посвета:

„Среќен роденден на најубавата муза и талентирана уметница која има мастер по архитектура и коефициент на интелигенција 140, која е покрај мене и ме сака секој ден, дури и тогаш кога половина свет ми го сврте грбот.

soprugata-na-kanje-se-valka-vo-pari-vo-striptiz-bar-otkako-toj-ja-faleshe-deka-e-natprosechno-inteligentna-06.jpg

Ти си најдобрата маќеа на светот за нашите деца и те сакам премногу, ти благодарам што го делиш животот со мене“ – напиша тој.

Покрај редовните коментари за тоа дека Бјанка премногу личи на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан, неговите следбеници повторно го прашаа:

„Зошто некоја жена со толку висок коефициент на интелигенција би се шетала гола?“

soprugata-na-kanje-se-valka-vo-pari-vo-striptiz-bar-otkako-toj-ja-faleshe-deka-e-natprosechno-inteligentna-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Криси Тајген критикувана – се бања гола со децата: „Големи се за да ја гледаат гола мајка им“ „Ниту едно дете на оваа возраст не сака да се бања со голата мајка до себе“, „Ни...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот ... По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бј...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Канје и Бјанка организирале оргии во хотели, раперот сакал да спие со мајка ѝ – нови бизарни детали ... Според нова тужба против Канје Вест, раперот и Бјанка организирале секс забави в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg