Троши илјадници долари за нега, ги осигурала на милиони – Зошто Марго Роби е опседната со своите стапала?
- Детали
- сабота, 20 јануари 2024
„Мора да кажам, навистина сум почестена што на луѓето им се допаѓаат моите стапала. Воопшто не ми е чудно, туку ми се допаѓа“ – Марго Роби откри дека дури по филмот Barbie сфатила дека луѓето се опседнати со нејзините стапала, а сега наводно вложува илјадници долари за да бидат во топ форма.
Марго Роби ќе ја запомни 2023-та година благодарение на филмот Barbie кој ѝ донесе уште поголема слава, а според дел од медиумите, актерката во последниот период станала опседната со сопствените стапала, затоа што смета дека токму тие ѝ го донеле најголемиот успех.
Barbie на Марго ѝ донесе околу 50 милиони долари повеќе на сметката, а сите што го погледнале филмот знаат дека нејзините стапала имаа мошне важна улога во него.
Таа во едно интервју откри дека воопшто не била свесна колку многу луѓето зборуваат за нејзините стапала на интернет, но дека тоа ѝ се допаднало.
„Првиот пат кога го гуглав моето име и пред да допишам првото нешто што ми излезе беше ‘Марго Роби стапала’.
Прво ми беше чудно, но кога кликнав видов дека таму има зумирани фотки од моите стапала и некој дури имаше и направено видео снимка од фотки со моите стапала и не бев ниту свесна дека такво нешто постои“ – изјави Марго.
„Мора да кажам, навистина сум почестена што на луѓето им се допаѓаат моите стапала. Мислам дека тоа е прекрасно. Воопшто не ми е чудно, туку ми се допаѓа“ – дополни актерката.
Сега, според некои медиуми, актерката одлучила да инвестира во своите стапала и била опседната со нивната нега.
Според блиски извори до неа, таа имала ритуали кои вклучуваат купки за стапала, посебни облоги, масажи, пилинг, масла за кожата и лосиони кои чинат илјадници долари.
Според други, пак, актерката отишла чекор подалеку и ги осигурала своите стапала.
„Нејзините фанови се опседнати со нејзините стапала и не можат да се заситат затоа што таа има совршени облини и прсти.
Се верува дека дури и ги осигурала на десетици милиони долари. Голем број познати личности осигурале делови од нивното тело“ – се вели во статиите.
Инаку, претходно постоеја тврдења дека Џулија Робертс ја осигурала насмевката, а Тејлор Свифт долгите нозе, а колку овие тврдења се точни, останува да видиме.
Прочитајте и „Вежбав 7 дена како Марго Роби - колку се напорни тренинзите за да се добие тело како 'Барби'?“
Б. С. Б. | Црнобело