Забавни моменти што ги одбележаа Златни Глобуси 2024 + најсмешните твитови за настанот
- Детали
- понеделник, 08 јануари 2024
Невкусните шеги на водителот, Бредли Купер со мајка му, како и бакнежот на Кајли Џенер и Тимоти Шаламе - забавни и по малку чудни моменти кои го одбележаа овогодишното издание на Златни Глобуси.
Овогодишното, 81-во издание на Златни Глобуси помина без инциденти, но јавноста има многу замерки за водителот. Водител на престижниот настан беше комичарот Џо Кој, а се соочи со критики поради лошите и невкусни шеги.
Иако секојпат е очекувано водителот на Златни Глобуси да се шегува на сметка на филмските ѕвезди, комичарот не ги импресионира присутните актери и режисери, а уште помалку јавноста.
Кога станува збор за самите награди, веројатно претпоставувате дека доминираше Oppenheimer.
Oppenheimer освои статуетка за најдобра драма, додека Килијан Марфи, кој ја има главната улога, победи во категоријата „Најдобар актер“.
Роберт Дауни Џуниор освои статуетка за „Најдобра споредна улога“ во истиот филм, а Кристофер Нолан беше прогласен за најдобар режисер.
И композиторот на филмот освои статуетка за „Најдобра оригинална филмска музика“.
Во категоријата „Најдобар мјузикл/најдобра комедија“ победи Poor Things, а за „Најдобар анимиран филм“ беше прогласен The Boy and the Heron.
„Најдобар филм од странско говорно подрачје“ беше францускиот Anatomy of a Fall, додека Barbie победи во категоријата „Најголемо кинематографско и достигнување на боксофисот“.
Наградата за „Најдобра актерка во драма“ ѝ припадна на Лили Гладстоун за изведбата во Killers of the Flower Moon, а Ема Стоун победи во категоријата „Најдобра актерка во мјузикл или комедија“ за улогата во Poor Things.
За „Најдобра серија од жанрот драма“ беше прогласена Succession, додека The Bear e „Најдобрата серија од жанрот комедија или мјузикл“.
Како и секогаш, на ваквите престижни настани покрај самите награди, има и многу забавни и убави моменти, а овде се и твитерџиите со смешните мемиња.
Дел од интересните моменти што го одбележаа настанот:
Кристофер Нолан му одаде почит на Хит Леџер кога ја прифаќаше наградата.
За потсетување, последниот филм на починатиот актер е The Dark Knight каде што го глумеше Џокер. Филмот е во режија на Нолан.
Ова е првиот Златен Глобус за режисерот, па тој изјави:
„Претходно, единствен пат кога се качив на оваа сцена беше за да ја прифатам наградата во име на нашиот драг пријател, починатиот Хит Леџер и тоа беше предизвик за мене“.
Бредли Купер се појави на настанот со мајка му.
Кајли Џенер и Тимоти Шаламе споделија бакнеж пред камерите.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet kissing at the #GoldenGlobes . pic.twitter.com/5zDXNLHWgn
— Pop Crave (@PopCrave) January 8, 2024
Братот на Меколи Калкин – Киран Калкин – победи во категоријата „Најдобар актер во серија од жанрот драма“.
Актерот ја искористи можноста да се пошегува на сметка на конкуренцијата, односно Педро Паскал кој беше номиниран во истата категорија.
Додека Калкин му велеше на Педро да се помири со загубата, актерот во публиката се преправаше дека плаче.
“Suck it Pedro!”
— ScreenTime (@screentime) January 8, 2024
Kieran Culkin roasts Pedro Pascal at the #GoldenGlobes after winning Best Actor in a TV Dramapic.twitter.com/MwU9NHymCZ
Пред почетокот на настанот, новинар им нареди на Ема Стоун, Марк Рафало и Вилем Дефо да импровизираат сцена од нивниот филм Poor Things.
Веројатно претпоставувате дека целата ситуација е непријатна за гледање.
Willem Dafoe, Emma Stone, el director Yorgos Lanthimos y Mark Ruffalo de #PoorThings en los #GoldenGlobes. Película con 7 nominaciones esta noche. La tercera más nominada. pic.twitter.com/vmpRCcFQMq
— CineVista (@CineVistaBlog) January 8, 2024
Актерот Џим Гафиган кажа шега за педофилија, во период кога е актуелен скандалот со педофилот Џефри Епстин:
„Не сум педофил. Не знам дали тоа е нова категорија овде…“
https://twitter.com/AlexRam1988/status/1744178413366378973