Кајли - средно училиште, Ким - учи право: Какво образование имаат Кардашијанс?
- Детали
- понеделник, 08 јануари 2024
Три деца сакаа да станат адвокати, две сестри никогаш не се запишале на факултет... Знаете ли какво образование имаат Кардашијанс?
Сестрите од кланот Кардашијан-Џенер изминативе години изградија огромна бизнис империја и имаат свои брендови за шминка, облека и други помали бизниси.
Сето ова пред сè се должи на нивниот осет за бизнис, деловните совети и на популарноста што ја имаат на социјалните мрежи, а не на нивното образование.
И покрај тоа, Ким Кардашијан не крие дека сака да стане адвокат и дека веќе неколку години студира и полага испити.
Знаете ли какво образование имаат членовите на едно од најпознатите семејства во светот?
Крис Џенер
Според светските медиуми, токму „мозокот“ на Крис Џенер, мајката на ријалити ѕвездите, е тој што им донесе слава и богатство на сите деца во семејството.
Крис, која работела како претприемач, го завршила средното училиште во Clairemont High во Сан Диего, Калифорнија. Брзо потоа го запознала 10 години постариот Роберт Кардашијан и на 22 години се омажила за него.
Иако сакала да студира, таа станала мајка и се фокусирала на децата, па никогаш не запишала факултет.
Ким Кардашијан
Ким завршила средно во Marymount High во Лос Анџелес.
По ова добила и диплома од католичко училиште за девојки во Лос Анџелес, по што се запишала на државниот факултет Pierce College во Вудленд Хилс, Калифорнија.
Се отпишала набрзо, но во 2018-та се запиша на правен факултет за да стане адвокат како нејзиниот покоен татко, Роберт Кардашијан.
Кортни Кардашијан
Откако завршила средно училиште, Кортни, која е најстара, сметала дека треба да им даде пример на своите помали сестри (Ким и Клои) и брат ѝ (Роб).
Се запишала на универзитетот Southern Methodist University во Далас, Тексас и таму останала 2 години.
Оттаму се префрлила на Универзитетот во Аризона, каде што дипломирала во 2002 година на отсекот за театарска уметност и шпански јазик.
Сакала да се запише и на правен факултет, но се откажала.