Илон Маск води жестока битка за старателство со бившата: Таа побегнала со двете деца, тој не ѝ дозволува да го види првиот син
Сега Маск и Грајмс водат битка за тоа да докажат во која држава живееле децата досега, за да може да се утврди со кои закони ќе се реши случајот.
Маск настојува да се избори за поевтината варијанта (Тексас), додека Грајмс води битка да докаже дека децата всушност живеат во Калифорнија, каде алиментацијата е многу поголема.
Од друга страна, Маск го однесе синот X дури и на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, па кога тој го прашал каде му е сопругата и зошто не се грижи за детето, милијардерот одговорил:
„Таа во Сан Франциско. Се разделивме, јас се грижам за него!“
Во една пригода Грајмс се пожали дека нејзиниот поранешен партнер воопшто не ѝ дозволува да го види првиот син, а тој деновиве изјави дека празниците ги поминал заедно со него на Карибите.
Инаку, за потсетување, освен трите деца со Грајмс, Маск доби близнаци со неговата извршна директорка Шивон Зилис во 2021, а од бракот со поранешната сопруга Џастин Вилсон ја има тројката Саксон, Каи и Дамијан (17) и близнаците Грифин и Вивијан (19).
Вкупно, милијардерот се грижи за 10 деца.
Прочитајте и Одат во специјално училиште, мора да доживеат тешкотии: Чудни правила што децата на Илон Маск ги следат + дали ќерката на Амбер Херд е негова?
Б. С. Б. | Црнобело