Илон Маск води жестока битка за старателство со бившата: Таа побегнала со двете деца, тој не ѝ дозволува да го види првиот син
- Детали
- четврток, 04 јануари 2024
Милијардерот Илон Маск води жестока битка за старателство над 3-те деца што ги доби со канадската пејачка Грајмс. И двајцата се обидуваат да докажат во која држава живеат нивните деца, а тоа ќе одреди дали милијардерот ќе плаќа милиони за алиментација, или само неколку илјади долари месечно.
Илон Маск (52) во моментов води битка за старателство над трите деца што ги доби во врската со пејачката Грајмс (35), синот X Æ A-12, кого скратено го викаат X (3), 2-годишната ќерка Exa Dark Sideræl (Exa), и синот Techno Mechanicus (Тау) кој има една година.
Илон Маск и Грајмс поднесоа тужби еден против друг, а и двајцата се борат за тоа во која држава (Тексас или Калифорнија) ќе живеат децата.
Разликата е во тоа што ако децата останат да живеат во Тексас, според тамошните закони алиментацијата, за трите деца максимално може да изнесува 2.760 долари месечно, додека во Калифорнија нема ограничувања.
Според пишувањата во медиумите, Маск и Грајмс кои беа во врска од 2018-та година до 2022-ра, претходно биле во добри односи.
Но, во август 2023-та тие заедно заминале во Токио, каде имале расправии, по што канадската пејачка се вратила дома во Калифорнија заедно со двете помали деца, додека Илон останал со најстариот син X.
По ова најбогатиот човек во светот ја тужеше поранешната девојка затоа што по расправијата ниту еднаш не ги донела децата во неговиот дом во Тексас за да ги види.