Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Илон Маск во тајност добил трето дете со пејачката Грајмс: Го крстија Techno Mechanicus и станаа хит меме на Твитер

Не е познато кога, но Илон Маск и Грајмс во тајност добиле трето дете. И новиот син има чудно име како другите две деца на парот – Techno Mechanicus – а твитерџиите се инспирираа и почнаа да прават смешни мемиња за името.

ilon-mask-vo-tajnost-dobil-treto-dete-so-pejachkata-grajms-se-vika-techno-mechanicus-01.jpg

Иако не е познато дали се заедно или не, Илон Маск и канадската пејачка Грајмс добија уште едно дете.

И, веројатно претпоставувате дека и ова дете има необично име.

Илон и Грајмс се родители на 3-годишен син кој се вика X Æ A-12, како и на 1-годиша ќерка која се вика Exa Dark Sideræl, но нагалено ја викале Y.

ilon-mask-vo-tajnost-dobil-treto-dete-so-pejachkata-grajms-se-vika-techno-mechanicus-05.jpg

Вестите за третото дете беа споделени од стана на магазинот New York Times, во рецензија за биографија на милијардерот која уште не е издадена.

Илон и Грајмс го добиле момчето во тајност, но не е познато кога е родено.

ilon-mask-vo-tajnost-dobil-treto-dete-so-pejachkata-grajms-se-vika-techno-mechanicus-06.jpg

По објавувањето на рецензијата, Илон ја потврди веста и го откри неговото име, со чудно „појаснување“:

„Tau Techno Mechanicus

Обем/дијаметар“.

Засега не е јасно што сака да каже со вториот дел од твитот. Некои сметаат дека се однесува на употребата на грчката буква Тау во математиката.

Но, дел истакнуваат дека во тој случај погрешил, бидејќи буквата се користи за односот помеѓу обемот и радиусот на кружница, а не обемот и дијаметарот.

ilon-mask-vo-tajnost-dobil-treto-dete-so-pejachkata-grajms-se-vika-techno-mechanicus-04.jpg

Нормално, твитерџиите беа инспирирани од чудното име, па почнаа да прават мемиња.

Дел од најсмешните во продолжение:

„Грајмс само што доби трето дете со Илон и го крстиле Techno Mechanicus“.

„Грајмс кога ги вика децата на вечера“.

„Јас откако ќе ги изговорам имињата на децата“.

„Звучи како магија“.

„Кога Techno Mechanicus ќе ги праша зошто го крстиле така“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
„Ме остави за пејачка откако му родив дете“: Бившата на дечкото на Аријана Гранде емотивна за болнио... „Не мислев дека некогаш ќе се разведам. Особено не откако го родив моето прво де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg