Адријана Лима со природен изглед на црвен тепих, со партнерот кој не ги трга рацете од неа - Убава му е и со облини
- Детали
- среда, 06 декември 2023
Ја допира за задникот, страсно ја бакнува, ја прегрнува. Како партнерот на Андријана Лима им покажа на сите дека за него таа е најубавата жена? Манекенката на настан се појави во природен изглед и во тоалета со која ги покажа облините.
Манекенката Адријана Лима (42), која во изминатиот период се соочи со голем број критики за изгледот, одлучи да се пресмета со сите „хејтери“ така што на црвен тепих се појави со сосема природен изглед.
Таа присуствуваше на добротворната гала вечер Mon Chéri Barbara во Минхен, каде беше заедно со партнерот Андре Лемерс, со кого во август минатата година го доби синот Сијан.
За разлика од минатото кога беше критикувана дека користи премногу јака шминка и дека лицето ѝ е отечено од ботокс, манекенката овој пат одлучи да се појави во речиси природен изглед и во сива тоалета која ги истакна нејзините облини.
Претходно, по низата критики упатени до неа, Адријана одлучи да даде краток одговор за тоа што се случува со нејзиното лице. Таа објави фотка на која е без грам шминка и на неа напиша:
„Ова е лицето на уморна мајка на една тинејџерка и две деца, едно активно момче и 1-годишно детенце кое учи да оди, и три кучиња… Ви благодарам за вашата загриженост“.
Во претходна изјава за медиумите, Адријана потврди дека мајчинството во целост ѝ го променило начинот на живот и дека речиси и да не води грижа за себе, туку целосно е сконцентрирана на своите деца.
„Како што растат моите ќерки, сфатив дека тие ги копираат моите навики и многу ми е важно да бидам сигурна дека ги копираат добрите работи“ – рече таа.
Но, и покрај големиот број зајадливи и навредливи коментари за нејзиниот изглед, нејзиниот партнер Андре Лемерс покажа дека е вљубен во неа како од првиот ден.
На социјалните мрежи се објавени голем број фотографии на кои се гледа дека тој ја користи секоја можност да ја допре и не ги трга рацете од неа.