Кортни Кардашијан ужива во четвртата бременост - во бело боди на романтична прошетка со сопругот на зајдисонце
Брзо потоа со сопругот го открија и полот на бебето и дознаа дека ќе добијат момче.
Сепак, Кардашијан не открива колку долго е бремена и кога треба да се породи.
Некои американски медиуми пишуваат дека е на почеток на третото тримесечје од бременоста.
Според нив, Кортни и Тревис знаеле дека таа е бремена уште пред да го крене транспарентот на концертот и дека сè било однапред добро испланирано, па Кортни би можела да се породи уште во октомври бидејќи, наводно, веќе е на крај на седмиот месец.
За потсетување, Кортни и Тревис се венчааа трипати – прво во капела во Лас Вегас во април 2022, во мај 2022 имаа општинска церемонија во Лос Анџелес, а неколку дена потоа направија и раскошна свадба во Портофино, Италија.
Оттогаш често зборуваа дека сакат да станат родители, па дури и се подложуваа на бизарни третмани за чистење на телото и умот, за да може побрзо да зачнат.
А. Ј. | Црнобело