Кортни Кардашијан и Тревис Баркер го открија полот на бебето, со прослава на која доминираат црни декорации (фото)
- Детали
- понеделник, 26 јуни 2023
Со прослава на која доминираат декорациите со црна боја, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер открија дека очекуваат момче. Парот ги сподели новостите за бременоста минатата седмица, откако со месеци безуспешно пробуваа да добијат дете.
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер го очекуваат нивното прво заедничко дете, а викендов го открија и неговиот пол.
Парот направи забава на која открија дека очекуваат момче. Најпрво Кортни ги сподели вестите со Инстаграм видео.
Во видеото, таа седи во скутот на Тревис, а тој тропа на тапани додека заедно со присутните чекаат да го дознаат полот.
На крајот од видеото, околу нив се појавија сини конфети.
Кортни покажа како изгледа забавата со неколку објави на Инстаграм Стори.
Влезот од куќата каде што прославуваа е украсен со сребрени балони во форма на ѕвездички, како и постер за забавата кој наликува на постер за рок концерт.
Внатре, пак, доминираат црни декорации, вклучувајќи и балони во форма на срце.
И десертот беше со сличен декор – бела торта украсена со мали црни срца.
За гостите имало голем избор на (брза) храна, како и коктели.
Парот оставил и фотоапарати за една употреба, како и место на кое гостите можат да остават пораки.
Кортни откри дека е бремена минатата недела, и тоа со изненадување за Тревис поради кое беше критикувана.
44-годишната ријалити ѕвезда носеше транспарент на концерт на Тревис на кој пишуваше дека е бремена.
Според приказната што сакаше да ја „продаде“, Тревис бил изненаден. Но, нејзиното стомаче веќе е премногу воочливо, па невозможно е Тревис да не го забележал.
Кортни и Тревис долго време зборуваат за желбата да имаат дете. Парот неколкупати се обиде и со ин витро оплодување, а по неколкуте неуспеси изјавија дека „креваат раце“ и ќе се обидат природно.
„Официјално завршивме со ин витро. Би сакале бебе повеќе од сè, но верувам во она што Бог го планира за нас. Ако тоа е бебе, се верувам дека ќе се случи“, кажа Кортни во ријалити шоуто на Кардашијанс.
Кортни Кардашијан веќе има три деца со бившиот партнер Скот Дисик, додека Тревис Баркер има две деца со поранешната сопруга Шана Моаклер. Тој е и очув на 24-годишната ќерка која Шана ја има добиено со друг партнер.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





