Што им е заедничко на новата сопруга на Канје Вест и Ким Кардашијан, покрај сличниот изглед и Канје?
Ким секојдневно објавува фотки и видеа на Инстаграм и со тоа го одржува својот имиџ, го промовира својот моден бренд и заработува.
Иако парот носи бурми, многумина веруваат дека тие не се вистински венчани и дека направиле своја интимна љубовна церемонија која не е призната пред законот.
Од друга страна, веднаш откако се венчаа, Канје и Бјанка поминаа неколку седмици во Ајванхо, поради што медиумите пишуваа дека раперот го запознал нејзиното семејство.
На меден месец беа во луксузен ресорт во Канјон Поинт Јута, а во јуни беа на патување во Јапонија. Тие неодамна беа и во Италија, а на папарацо фотографиите делуваа среќни и насмеани.
„Канје и Бјанка се во заљубена фаза, како да се на меден месец. Среќни се и не ги интересира никој.
Канје сака да најде мир после Ким, и ако Бјанка му помага во тоа, тогаш е во ред“, рекол нивен пријател за американските медиуми.
А. Ј. | Црнобело