Што им е заедничко на новата сопруга на Канје Вест и Ким Кардашијан, покрај сличниот изглед и Канје?
- Детали
- недела, 20 август 2023
Бјанка Сенсори (28), новата сопруга на Канје Вест, од јануари 2023 е во центарот на светското внимание. Откако се омажи со раперот само два месеца по неговиот развод од Ким Кардашијан, неговите фанови се прашуваат која е жената која наликува на неговата бивша сопруга и која секаде го следи во чекор...?
Изминативе месеци Бјанка Сесори постојано е на насловните страници на таблоидите, и во чекор го следи својот сопруг Канје Вест (45).
Откако јавноста дозна дека раперот се ожени два месеца по разводот од Ким Кардашијан, почна да се интересира за Бјанка, која го следи секаде како сенка.
А таа шокираше со својот изглед – оди боса по улица, не носи градник, а лицето често го покрива со марама, поради што многумина коментираат дека личи како да е дел од некоја секта.
Не е мал бројот и на оние што велат дека Бјанка неодоливо потсетува на Ким Кардашијан, и во ликот и во стилот на облекување.
Според едни, Канје намерно избрал жена која потсетува на Ким, а според други дека тој ја тера да се облекува во стилот на ријалити ѕвездата.
Споредбите престанаа откако таа ја скрати долгата црна коса и ја обои руса.
Сепак, Ким и Бјанка имаат многу повеќе заеднички работи отколку само физичкиот изглед:
Бјанка е родена 1995 година во Австралија.
Потекнува од богато семејство, а детството го поминала во Ајванхо, една од најелитните населби во Мелбурн.
https://www.instagram.com/p/CaGzzeWvksI/
Ким, пак, пораснала во Беверли Хилс, една од најелитните области во Лос Анџелес.
Бјанка има две сестри, Алисија и Ангелина.
Двете сестри се многу блиски и често објавуваат заеднички фотки на кои ја нема Бјанка.
Ким, пак, е во добри односи со Клои, но последниве години често се кара со Кортни и јавно се навредуваат една со друга, па односите им се заладени.