Ривалки на модните писти, но и во животот на Том Брејди - Во какви односи се Ирина Шајк и Жизел Бундшен?
- Детали
- сабота, 29 јули 2023
„На Жизел Бундшен тешко ѝ падна кога дозна дека нејзиниот поранешен сопруг започна врска со нејзината колешка Ирина Шајк“ – велат извори блиски до парот. Очигледно Том Брејди има свој тип на жени со кои сака сериозна врска, а во каков однос се двете манекенки кои биле колешки со години?
Изминатите денови се појавија фотографии со кои наводно се потврдува врската помеѓу супер моделот Ирина Шајк (37) и рагби играчот Том Брејди (45) кој минатата година се разведе од сопругата Жизел Бундшен со која беше во брак 13 години.
Додека дел од светските таблоиди пишуваат дека Жизел Бундшен е среќна затоа што нејзиниот поранешен сопруг одлучил да продолжи со животот и се труди да најде нова љубов, други коментираат за сличноста помеѓу двете жени.
Наводно, врската меѓу Том и Ирина не е само обична авантура и на почетокот на Жизел тешко ѝ паднало да прифати затоа што дури сега сфатила дека нивната приказна навистина завршила.
„Тоа што дозна за врската на Том и Ирина ги направи нештата пореални.
Таа и Том имаа нешто што беше неверојатно но се заврши.
На почетокот беше емотивна, но знаеше дека не може да се надева дека работите ќе се вратат на старо, и знаеше дека овој ден ќе дојде, па сака Том да биде среќен“ – пишува Daily mаil за Жизел, повикувајќи се на сопствени извори.
Наводно, ниту бившиот на Ирина Шајк, Бредли Купер не се спротивставува на нивната врска, а Том Брејди е пресреќен што ја започнал врската со Ирина.
Со оглед на тоа што и Ирина и Жизел се супер модели со богата кариера зад себе, дел од медиумите коментираат дека рагби играчот има свој „тип“ на жени, а сличноста меѓу нив двете може да се забележи ако се погледнат одблиску нивните кариери.