Не ѝ дозволува да пали светло, ja тера да носи темни бои: Бизарниот однос на Ал Пачино (83) и девојката (29), со која доби дете

„Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гледа во огледало колку е остарен“ – тврдат извори блиски до Ал Пачино и неговата 54 години помлада девојка Нур Алфала, за странските таблоиди. Наводно, односите меѓу парот, што неодамна го доби првото дете, се влошени.

skrzhav-e-ne-i-dozvoluva-da-zapali-svetlo-doma-na-54-godini-pomladata-devojka-na-al-pachino-i-prechi-negoviot-karakter-01.jpg

Во јуни годинава целиот свет го обиколи веста дека холивудскиот актер Ал Пачино на 83 години го доби своето четврто дете од неговата 54 години помлада девојка Нур Алфала (29). На синот му го дадоа името Роман, а таблоидите од самиот почеток се заинтересирани за нивниот однос и врска.

Radar Online повикувајќи се на сопствени извори пишуваше дека актерот воопшто не се чувствувал пријатно кога дознал дека Нур е бремена, затоа „што сакал да има врска без обврски, а сега целиот живот ќе мора да остане врзан со неа“.

skrzhav-e-ne-i-dozvoluva-da-zapali-svetlo-doma-na-54-godini-pomladata-devojka-na-al-pachino-i-prechi-negoviot-karakter-02.jpg

Сега, еден месец откако станаа родители, истиот таблоид повикувајќи се на извори блиски до парот пишува дека таа воопшто не е импресионирана од односот што го има со таткото на нејзиното дете и дека нивниот однос е влошен.

skrzhav-e-ne-i-dozvoluva-da-zapali-svetlo-doma-na-54-godini-pomladata-devojka-na-al-pachino-i-prechi-negoviot-karakter-03.jpg

Наводно, нејзе ѝ пречи тоа што актерот често става портокалов спреј за потемнување, а дополнително ѝ оди на нерви неговото ексцентрично однесување.

„На почетокот неговите ексцентрични барања беа забавни, но веќе не се. Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гледа во огледало колку е остарен.

Таа мора постојано да се облекува во темни бои, за да го следи неговото модно мото, иако е во ред понекогаш да носи и високи потпетици, а секогаш треба да му биде достапна, па дури кога и во последен момент ќе ѝ каже дека треба да излезат на состанок“ – пишува Radar Online.

skrzhav-e-ne-i-dozvoluva-da-zapali-svetlo-doma-na-54-godini-pomladata-devojka-na-al-pachino-i-prechi-negoviot-karakter-06.jpg

Дополнително, на неговите девојки не им се допаѓа тоа што актерот кој има богатство од 120 милиони долари, е скржав и не сака да троши пари на нив.

skrzhav-e-ne-i-dozvoluva-da-zapali-svetlo-doma-na-54-godini-pomladata-devojka-na-al-pachino-i-prechi-negoviot-karakter-04.jpg

Пред да ја почне врската со Нур Алфала, Ал Пачино беше во врска со израелската актерка Мител Дохан (42) која му раскинала заради огромната разлика во годините, но и затоа што тој не сакал да троши пари на неа.

Извори блиски до парот велат дека актерот се чувствувал дека 54 години помладата девојка забременила за да го „зароби“, но тој нема намера да се ожени за неа.

skrzhav-e-ne-i-dozvoluva-da-zapali-svetlo-doma-na-54-godini-pomladata-devojka-na-al-pachino-i-prechi-negoviot-karakter-08.jpg

Инаку, ова не ѝ е прва врска на Нур со маж што е значително повозрасен од неа. Таа претходно била во врска со Мик Џегер (79), а ја поврзуваа и со Клинт Иствуд (93).

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg