Ал Пачино (81) си фати 28-годишна девојка – била во врска со Мик Џегер (78), сака повозрасни мажи
- Детали
- среда, 13 април 2022
Откако раскина со 39 години помладата Метал Дохан, Ал Пачино забележан со 53 години помлада девојка. Која е Нур Алфала (28), девојката која претходно била во врска со Мик Џегер и очигледно сака повозрасни мажи?
Холивудскиот актер Ал Пачино (81) беше забележан како излегува од познат ресторан во Калифорнија во саботата, заедно со 28-годишната Нур Алфала.
Папараците ги уловија холивудскиот ветеран и убавата телевизиска продуцентка како си заминуваат од ресторанот и заедно влегуваат во автомобил.
Нивните фотографии предизвикаа внимание заради големата генерациска разлика меѓу нив, но и затоа што убавата девојка и во минатото била во врска со многу повозрасни мажи.
Ова е првпат Ал Пачино да биде фотографиран со Алфала откако во 2020-та година раскина со 39 години помладата Метал Дохан заради преголемата генерациска разлика. Но, изгледа овојпат си најде девојка која е уште помлада.
Што знаеме за Алфала, која и во минатото била во врска со повозрасни мажи?
Нур Алфала е телевизиска продуцентка со потекло од Кувајт која стана позната откако во 2014-та година на возраст од 21 година беше во врска со тогаш 70-годишниот Мик Џегер.
Нур и Мик беа во врска три години, а во 2017-та година објавија дека повеќе не се заедно.
„Годините не ми се важни. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и навистина бев среќна“ – изјави таа во една прилика.
По раскинувањето со Мик Џегер, за Нур Алфала кружеа гласини дека е во врска со Клинт Иствуд (91), откако таа беше фотографирана во неговиот авотмобил. Сепак овие пишувања веднаш беа отфрлени и таа појасни дека актерот е семеен пријател.
Во 2018-та година за Нур Алфала исто така се пишуваше дека е во врска со 34 години повозрасниот милијардер Николас Бергруен (62) со кого таа објавуваше заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Наводно Нур и Николас заедно биле на одмор во Капри и во Сен Тропе, а дури имаше и шпекулации дека ќе почнат да живеат заедно, но ТВ продуцентката нагласи дека тие се само пријатели.
Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело