Не верувал дека може да ја забремени девојката, барал ДНК тест – Ал Пачино доби син на 83 години со 29-годишната партнерка
- Детали
- петок, 16 јуни 2023
„Актерот имал претходни медицински проблеми што вообичаено предизвикуваат стерилитет кај мажите“ – Ал Пачино не верувал дека некого може да забремени, но на 83 години го доби четвртото дете. Неговата 54 години помлада девојка му роди син кому му дадоа моќно име.
Актерот кој се прослави со улогата во филмот „Кум“, Ал Пачино стана татко на возраст од 83 години, откако неговата 29-годишна девојка Нур Алфала роди син кому му го дадоа името Роман.
Портпаролот на познатиот актер вчера (15.06) ги потврди убавите вести за јавноста, па рече:
„Потврдуваме дека Ал Пачино и Нур Алфала добија син, кому му го дадоа името Роман Пачино“.
Инаку, парот неодамна потврди дека наскоро ќе станат родители додека беа на вечера во Холивуд, а на фотографии можеше да се забележи дека имаат седиште за бебе во задниот дел од автомобилот.
Претходно таблоидот TMZ објави дека Ал Пачино бил сигурен дека на негова возраст тој не може да ја забремени својата девојка, па кога ги дознал вестите веднаш побарал да се направи ДНК тестирање.
„Актерот имал претходни медицински проблеми што вообичаено предизвикуваат стерилитет кај мажите. Дознаваме дека Ал не знаел дека Нур е бремена сѐ до шестиот месец од бременоста и кога дознал, бил многу изненаден“ – пишува TMZ.
Наводно, Нур веднаш направила ДНК тест што докажал дека таа навистина е бремена со четвртото дете на актерот.
Инаку, Ал Пачино и Нур долго време криеја дека се во врска, а наводно почнале да се гледаат за време на пандемијата. Тие беа фотографирани заедно во април минатата година, кога за првпат почнаа да се шират гласини дека најверојатно се во врска.
Ова не е првпат Нур да биде во врска со доста повозрасен маж од неа. Се знае дека таа претходно 3 години беше во врска со фронтменот на Rolling Stones, Мик Џегер, па тогаш изјави:
„Годините не ми се важни. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и навистина бев среќна“.
Инаку, Ал Пачино има уште 3 деца од претходни врски. Со поранешната партнерка Беверли Д’Анџело тој ги доби близнаците Оливија и Антон (22) и со Џен Тарант има уште една 33-годишна ќерка.
Б. С. Б. | Црнобело