Наоми Кемпбел вторпат стана мајка на 53 години - Пред 1 месец се појави во јавност без трудничко стомаче
- Детали
- петок, 30 јуни 2023
Наоми Кемпбел ја изненади јавноста откако сподели дека го добила второто дете. 53-годишната Наоми не беше забележна со стомаче, па уште се дебатира дали била бремена или го добила детето со сурогат мајка. Исто како и за нејзината прва бременост. „Никогаш не е доцна да станете мајка“, порача таа.
Наоми Кемпбел откри дека го добила второто дете, и тоа на 53-годишна возраст.
Моделот ги сподели убавите вести со емотивна Инстаграм објава:
„Мое малечко, знај дека си сакан повеќе од сè и опкружен со љубов од моментот кога нè благослови со твоето присуство. Вистински дар од Бог. Добредојде момче. Никогаш не е доцна да станете мајка“, стои во описот.
На фотката, Наоми го држи детенцето, а се гледа и рачето на нејзиното прво дете што го доби во 2021 година.
https://www.instagram.com/p/CuFUy_YRDJH/
Според Daily Mail, синчето се родило во неделата, на 25-ти јуни.
Не е познат таткото на детето, а се претпоставува дека Наоми самата ќе се грижи за него, исто како за 2-годишната ќерка.
Според извори блиски до моделот, таа е пресреќна.
„Наоми е многу силна жена. Отсекогаш го сакала ова. Премногу е среќна. Возбудена е што ѝ подари братче на малата ќеркичка“.
Второто дете на моделот е вистинско изненадување бидејќи таа воопшто не откри дека е бремена.
Всушност, Наоми беше на модна ревија во Њујорк пред неколку седмици и воопшто не ѝ се познаваше стомаче.
Поради ова, се шпекулира дали била бремена или го добила детето со сурогат мајка.
Наоми фотографирана пред околу еден месец
Наоми беше таинствена и за првото дете – само изјави дека ќерката не е посвоена, па најверојатно ја добила со сурогат мајка.
Моделот ретко зборува за нејзиниот љубовен живот и засега се претпоставува дека е сингл.
Спирова С. | Црнобело