„Не е посвоена, моја е“: Наоми Кемпбел (51) конечно го покажа лицето на ќерката – не открива кој е татко (фото)

Пред околу девет месеци, Наоми Кемпбел ги изненади фановите со вестите дека станала мајка, а бидејќи моделот немаше трудничко стомаче, се јавија шпекулации дека можеби ја посвоила ќерка ѝ - сега конечно Наоми го покажа лицето на ќерката и откри дека не е посвоена, но таткото и деталите ги држи во тајност.

ne-e-posvoena-moja-e-naomi-kempbel-51-konechno-go-pokazha-liceto-na-kjerkata-ne-otkriva-koj-e-tatko-foto-01.jpg

Наоми Кемпбел конечно го покажа лицето на нејзината ќерка неколку месеци откако на Инстаграм соопшти дека станала мајка. Супермоделот и нејзината ќерка ќе ја красат насловната страница на мартовското издание на британскиот Вог.

51-годишниот супермодел не споделува речиси никакви детали за нејзиниот приватен живот, па новото интервју за британскиот Вог е вистинско освежување за фановите.

ne-e-posvoena-moja-e-naomi-kempbel-51-konechno-go-pokazha-liceto-na-kjerkata-ne-otkriva-koj-e-tatko-foto-02.jpg

Во мај минатата година, Наоми Кемпбел сподели фотка на Инстаграм со која им соопшти на фановите дека станала мајка.

Само неколку денови претходно, супермоделот беше забележан на модната недела во Њујорк без трудничко стомаче, па постоеја шпекулации дека можеби станува збор за посвојување или сурогат.

Сега, во интервјуто за Вог, Наоми првпат зборува за нејзината ќерка, истакнувајќи дека таа не е посвоена. Моделот откри дека ќерката има девет месеци, но не се знае кој е нејзиниот татко и дали можеби ја добила со сурогат мајка.

ne-e-posvoena-moja-e-naomi-kempbel-51-konechno-go-pokazha-liceto-na-kjerkata-ne-otkriva-koj-e-tatko-foto-03.jpg

Планот да стане мајка, Наоми го чувала во тајност и вели дека само најблиските пријатели и членови на семејството знаеле за тоа.

„Можам да ги избројам на една рака луѓето кои знаеја дека ќе добијам ќерка. Но, таа е најголемиот благослов што можам да си го замислам. Таа е најдоброто нешто што сум го направила“, открива Наоми.

Иако не споделува детали за ќерката, Наоми вели дека мајчинството е прекрасно искуство. Истовремено, таа вели дека воопшто не ѝ пречи што првпат стана мајка на 50-годишна возраст.

„Отсекогаш знаев дека еден ден ќе бидам мајка, но среќата што ја чувствувам сега е поголема од што можев да си замислам. Пресреќна сум што ја имам ќерка ми“.

ne-e-posvoena-moja-e-naomi-kempbel-51-konechno-go-pokazha-liceto-na-kjerkata-ne-otkriva-koj-e-tatko-foto-07.jpg

„Речиси никогаш не плаче и навистина е внимателна за нејзина возраст. Многу се смее и како да зборува. Мислам дека ќе почне да оди пред да лази. И, веќе има шест заби!“, вели Наоми за девојчето.

Наоми открива дека каде и да оди – без разлика дали за работа или релаксација – нејзината ќерка е со неа. Таа вели и дека ќерката ѝ помага да го види светот со нови очи.

„Повторно сум како дете. Одново ги учам детските песнички, си играм и откривам колку прекрасни играчки има! И кукли! Работи за кои не сум ни сонувала“.

ne-e-posvoena-moja-e-naomi-kempbel-51-konechno-go-pokazha-liceto-na-kjerkata-ne-otkriva-koj-e-tatko-foto-06.jpg

Иако има само девет месеци, ќерката на Наоми веќе има и свој гардеробер со дизајнерка облека. Според моделот, таа редовно добива подароци, а неодамна сподели и Инстаграм Стори на кое ќерка ѝ носи облека од Versace.

„Има навистина убави парчиња благодарение на многуте дизајнери и пријатели кои ѝ испраќаат подароци“.

ne-e-posvoena-moja-e-naomi-kempbel-51-konechno-go-pokazha-liceto-na-kjerkata-ne-otkriva-koj-e-tatko-foto-08.jpg

Наоми открива и дека кога станува збра за мајчинството, најмногу се изненадила за нејзината посветеност кон ќерка си.

„Ќерката е секогаш на прво место. Сè што правам, правам за неа“.

Наоми првпат се појави во јавност со ќерката во јули минатата година во лежерно издание.

ne-e-posvoena-moja-e-naomi-kempbel-51-konechno-go-pokazha-liceto-na-kjerkata-ne-otkriva-koj-e-tatko-foto-04.jpg

ne-e-posvoena-moja-e-naomi-kempbel-51-konechno-go-pokazha-liceto-na-kjerkata-ne-otkriva-koj-e-tatko-foto-05.jpg

Како што напоменавме, Наоми никогаш не зборува за приватниот живот, па се верува дека е сингл и дека сама се грижи за нејзината ќерка чие име уште го нема откриено.

Наоми вели дека сега откако стана мајка, но и поради возраста, почнува да размислува да намали со ангажманите.

„Уште уживам, но некогаш е премногу! Бидејќи сепак, јас имам 51 година и соработувам со девојки кои имаат 18!“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg