9 месеци ги носат нивните бебиња, земаат пари и скапи подароци - Колку заработуваат сурогат мајките на познатите?

Ким и Канје на сурогат мајката во 2017-та година ѝ платија 68.000 долари, што според многумина е многу мала цена. Колку плаќаат славните за да добијат дете по пат на сурогат мајчинство и зошто мајките добиваат само мал дел од колачот?

9-meseci-gi-nosat-nivnite-bebinja-zhiveat-vo-luksuz-i-dobivaat-skapi-podaroci-kolku-pari-zarabotuvaat-surogat-majkite-na-poznatite-01.jpg

Ким и Клои Кардашијан, Парис Хилтон, Пријанка Чопра, Наоми Кемпбел... Ова се само некои од познатите дами кои станаа мајки со помош на сурогат мајки. Но, колку плаќаат славните за сурогат мајчинството?

Daily Mail направи едно истражување за тоа во светски рамки колку чини да се ангажира сурогат мајка и дали славните плаќаат поскапо од обичните луѓе за да добијат потомство.

9-meseci-gi-nosat-nivnite-bebinja-zhiveat-vo-luksuz-i-dobivaat-skapi-podaroci-kolku-pari-zarabotuvaat-surogat-majkite-na-poznatite-02.jpgКамерон Дијаз и нејзиниот партнер Бенџи Маден во 2020-та година добија девојче со сурогат мајка

Според Џина Мари Медоу, директорката на една од најпознатите агенции за сурогат мајчинство и донација на јајце клетки и сперма ConceiveAbilities, тоа што славните сѐ почесто се одлучуваат за сурогат мајчинство, направило целиот процес да се нормализира и сѐ поголем број жени да се одлучат за ваква опција во борбата за потомство.

„Неодамна ангажиравме тим за истражување со цел подобро да разбереме како клиентите дознаваат за опцијата за сурогат мајчинството.

Нашето истражување покажа дека речиси половина од испитаниците дознале преку ТВ шоу или сурогат мајчинството на некои од славните дами.

Исто така јасно е дека жените што читале и гледале како славните жени стануваат мајки по пат на сурогат мајчинство сакаат да бидат сурогати“ – појаснува таа.

9-meseci-gi-nosat-nivnite-bebinja-zhiveat-vo-luksuz-i-dobivaat-skapi-podaroci-kolku-pari-zarabotuvaat-surogat-majkite-na-poznatite-03.jpgАмбер Херд ја доби ќерката Уна Пејџ, која ја доби со помош на сурогат мајка - идентитетот на таткото е мистерија

Претставници на Агенциите велат дека нивните цени за славните секогаш се поголеми само заради тоа што и трошоците се поголеми. Така, тие мора да обезбедат апсолутна дискреција и да не дозволат вестите за бебето да не протечат во јавност предвреме.

Но, обврската да се износи бебето на славните честопати се врзува и со ригорозни договори во кои мајките законски се обврзуваат под ниту еден услов дека не смеат да изнесат детали во јавност.

Токму затоа жените што ги износиле бебињата најчесто остануваат анонимни и непознати во јавноста, освен во неколку ретки случаи.

Ким Кардашијан, ја покани да гостува во една од епизодите на нејзиното реално шоу, сурогат мајката на нејзината ќерка Чикаго, Ла Рејна Хајез, а Криси Тајген на Инстаграм ја претстави Александра, сурогат мајката на нејзиното четврто дете.

9-meseci-gi-nosat-nivnite-bebinja-zhiveat-vo-luksuz-i-dobivaat-skapi-podaroci-kolku-pari-zarabotuvaat-surogat-majkite-na-poznatite-10.jpgЛа Рејна Хајез - сурогат мајката на Ким Кардашијан

9-meseci-gi-nosat-nivnite-bebinja-zhiveat-vo-luksuz-i-dobivaat-skapi-podaroci-kolku-pari-zarabotuvaat-surogat-majkite-na-poznatite-20_copy_copy.jpgАлександра - сурогат мајката на Криси Тајген

Колку чини да се добие дете со сурогат мајка во САД?

За една жена да стане сурогат мајка, треба претходно да родила барем едно бебе и да биде на возраст од 21 до 45 години.

На следната страница погледнете колку пари заработуваат сурогат мајките на познатите...



Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот ... По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бј...
Не добиваат многу пари, но живеат како кралици: Кои правила ги следат сурогат мајките на славните? Не смеат да споделат ништо на социјални мрежи без дозвола од биолошките родители...
Сопругата на Канје се облече за прошетка со ќерка му, откако девојчето ја нацрта разголена (фото) Откако објави видео со цртежот на кој својата маќеа ја имаше нацртано со гол зад...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg