Криси Тајген и Џон Леџенд добија дете од сурогат мајка: „Ќе го носи нејзиното име, отсекогаш сакав 4 деца“
- Детали
- среда, 28 јуни 2023
Со емотивна објава на Инстаграм, Криси Тајген сподели дека со Џон Леџенд добиле син, а со цел да ѝ покажат благодарност на сурогат мајката, синчето ќе го носи нејзиното име.
Крис Тајген и Џон Леџенд добија уште едно дете, овојпат со сурогат мајка.
Синчето се родило на 19-ти јуни, а Криси сега ги сподели убавите вести со емотивна објава на Инстаграм, истакнувајќи дека отсекогаш сакала четири деца.
Во објавата, Криси се присетува и на тажниот момент кога го со Џон го изгубија синот Џек.
„Откако го изгубив Џек, мислев дека нема да можам да родам дете… Во 2021 година стапивме во контакт со агенција за сурогат мајки“, пишува Криси и вели дека тогаш сепак сакала да се обиде уште еднаш да забремени.
„Во еден миг, кратко откако побаравме сурогат мајка, излегов од терапија и му реков на Џон – сакам да пробам да забременам само уште еднаш. Ако не успее, ќе бидеме во ред. Веќе го видов најлошото. Ветив дека ќе бидам во ред без разлика што ќе се случи.
Се сеќавам дека реков дека не можам целиот живот да се прашувам дали би требало да пробам уште еднаш. Па, го почнавме процесот за ин витро оплодување, истиот процес што ни ги подари прекрасните Луна и Мајлс.
Направивме нови ембриони. Бевме среќни кога дознавме дека било успешно – бев бремена со нашето мало девојче Етси.
Овој период ја запознавме најпрекрасната сурогат мајка, Александра. Таа беше совршена за нас уште од моментот кога првпат зборувавме со неа. Сите наши желби и соништа се поклопија.
Сакав да ѝ бидам пријателка, сакав нашите деца да си играат, да јадеме заедно, сакав да ја навалам главата на нејзиниот стомак и да го слушам движењето на бебето. Сакав да бидат во нашиот живот што е можно подолго“.
Криси открива и дека првиот ембрион не преживеал. Па, со Џон решил да бидат трпеливи. Додека Криси уживала во својата бременост, со Џон дознале дека по вториот обид, сурогат мајката отанала бремена.
„Само неколку минути пред полноќ на 19-ти јуни, сведочев како најубавата жена, мојата пријателка, нашата сурогат мајка, се породи среде целиот хаос, но со сила и чиста радост и љубов.
Сакаме да ти се заблагодариме за овој прекрасен подарок што ни го даде, Александра. И пресреќни сме да му кажеме на светот дека е овде, со име засекогаш поврзано со тебе, Рен Александер Стивенс. Нашите срца, нашиот дом е полн“.
И Џон Леџенд сподели семејна фотка на Инстаграм, со Криси и четирите деца.
Спирова С. | Црнобело