Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
QA Engineer 08-02-2025
QA Engineer 08-02-2025
QA Engineer 08-02-2025
.Net Developer 08-02-2025


Не добиваат многу пари, но живеат како кралици: Кои правила ги следат сурогат мајките на славните?

Не смеат да споделат ништо на социјални мрежи без дозвола од биолошките родители, но имаат личен готвач и тренер, а добиваат и скапи подароци – како е да се биде сурогат мајка на позната личност?

ne-dobivaat-mnogu-pari-no-zhiveat-kako-kralici-koi-pravila-gi-sledat-surogat-majkite-na-slavnite-01.jpg

Бројни славни личности се одлучуваат за сурогат мајка – некои поради проблеми со плодност, некои поради компликации со претходни бремености, а некои бидејќи сакаат да ги избегнат промените на телото кои доаѓаат со бременоста.

Последна од низата ѕвезди кои добија дете со сурогат мајка е актерката Лили Колинс, најпозната по улогата во Emily in Paris.

ne-dobivaat-mnogu-pari-no-zhiveat-kako-kralici-koi-pravila-gi-sledat-surogat-majkite-na-slavnite-02.JPG

Покрај неа, и Ким Кардашијан, Парис Хилтон, Клои Кардашијан и Ребел Вилсон имаат добиено дете со сурогат мајка.

Идентитетот на овие жени скоро секогаш е тајност, но веруваме дека ве копка како е да се биде сурогат мајка на позната личност.

ne-dobivaat-mnogu-pari-no-zhiveat-kako-kralici-koi-pravila-gi-sledat-surogat-majkite-na-slavnite-11.JPG

Неколку детали за сурогат мајките на славните:

Славните плаќаат многу, но сурогат мајките не добиваат огромна сума пари

Во 2017 година се дозна дека Ким Кардашијан и Канје Вест ѝ платиле 45.000 долари на нивната сурогат мајка.

Иако ова делува како мала сума за луѓе кои „тежат“ скоро милијарда долари, експерти за плодност откриваат дека цената мора да биде иста за сите.

Односно, секоја сурогат мајка добива иста сума пари, без разлика дали носи дете на позната или „обична“ личност.

ne-dobivaat-mnogu-pari-no-zhiveat-kako-kralici-koi-pravila-gi-sledat-surogat-majkite-na-slavnite-08.JPG

Но, иако не ѝ даваат многу пари на сурогат мајката, славните сакаат посебен третман од агенциите за сурогат мајчинство, па нив им плаќаат повеќе.

Тие бараат поголема приватност бидејќи се јавни личности и сакаат максимално да се избегнат можни проблем и на агенцијата обично ѝ плаќаат околу 40.000 долари, но некогаш и повеќе.

Исто така, овде се и трошоците создавање на ембрионот, ин витро процедурата…

Севкупно, славните обично плаќаат најмногу 200.000 долари за дете од сурогат мајка.

ne-dobivaat-mnogu-pari-no-zhiveat-kako-kralici-koi-pravila-gi-sledat-surogat-majkite-na-slavnite-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Бела и Џиџи Хадид се гордеат со нивната кул мајка – на 61 година изгледа исто како во младоста Кул фотки од бременоста со едно од трите деца, додека малечката Бела е покрај не...
„Бебињата не се купуваат“: Актерката (35) од Emily in Paris критикувана откако доби дете со сурогат ... Лили Колинс претходно има зборувано за битката со булимија, а експерти сметаат д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg