9 месеци ги носат нивните бебиња, земаат пари и скапи подароци - Колку заработуваат сурогат мајките на познатите?
Во 2017-та година сите светски таблоиди пишуваа дека Ким и Канје Вест ќе добијат дете со помош на сурогат мајка, а TMZ тогаш објави дека жената ќе добие компензација од само 68.000 долари, што според многумина беше многу малку, во споредба со тоа колкаво богатство поседува парот, но вистината е дека тоа е нормалната цена што вообичаено двојките ја плаќаат.
Во основа цената за добивање дете со помош на сурогат мајка може да чини и неколку стотици долари (од 100.000 до 225.000 долари), а жените што ги носат бебињата добиваат само мал дел од колачот од 30.000 до 60.000 долари.
Ким Кардашијан со ќерката Чикаго што ја доби со помош на сурогат мајка
Така познатите парови како и сите други треба да платат за донација на јајце клетки (20.000 - 30.000 долари), за креирање на ембриони (20.000 до 30.000 долари), агенциски трошоци (20.000 – 50.000 долари), легални такси (7.000 до 15.000 долари), компензација за сурогат мајката (30.000 до 60.000 долари) и осигурување (12.000 до 30.000 долари).
Освен тоа, честопати славните ангажираат и сопствени адвокати, а треба да ги покријат и сите болнички трошоци ако настанат компликации за време на бременоста.
Сѐ на сѐ, ова се цени што на обичните смртници им се чинат вртоглави, но се ништо за оние што веќе имаат милиони и милијарди на своите сметки.
Сурогат мајките на славните освен што добиваат парична компензација, честопати добиваат скапи подароци, удобно сместување, а некои добиваат дури и сопствени готвачи, нутриционисти и лични тренери.
„Ако сурогат мајката на Ким сака да добие масажа за време на бременоста, тоа ќе го добие. Ќе добие и нутриционист, луѓе што ќе ѝ обезбедуваат и здрава, органска храна.
Најверојатно ќе добие готвач, личен тренер и голем број други бенефиции“ – појаснува Џина Мари.
Пријанка Чопра со ќерката Малти
Инаку, според истражувањата, надоместокот што сурогат мајките го добиваат зависи и од местото на живеење. Во Калифорнија, каде има многу поголема побарувачка, надоместокот за сурогат мајките е повисок.
Затоа често се случува паровите да изберат жена од друга земја, а потоа од неа да побараат за време на бременоста да живее поблиску до парот што го очекува бебето.
Според Џина Мари, релативно ниската сума што ја добиваат сурогат мајките на славните служи за да се изберат само оние жени што навистина сакаат да им помогнат на паровите, од оние што само бараат брз начин за заработка.
Парис Хилтон со синот Феникс
Б. С. Б. | Црнобело