Марк Ентони и 30 години помладата сопруга станаа родители – 7-мо дете за славниот музичар
- Детали
- вторник, 20 јуни 2023
„Тајмингот на Господ е секогаш совршен“, напишаа во заедничката објава на Инстаграм Марк Ентони (54) и неговата сопруга, па открија дека станале родители. Марк го доби седмото дете, а прво со една од најубавите жени на светот, некогашната Мис Универзум Надја Фереира.
Латино ѕвездата Марк Ентони (54) и 30 години помладата сопруга, Надја Фереира (24) станаа родители. Парот на Инстаграм објави фотка од бебето.
„Тајмингот на Господ е секогаш совршен. Среќен Ден на татковците“, напишаа на заедничката објава пејачот и поранешната Мис Универзум.
Тие добија честитки од фановите, но и од многу ѕвезди, вклучувајќи ги Малума И Луис Фонси.
Ова е седмо дете на Ентони, кој ги има 14-годишните близнаци Макс и Еме со Џенифер Лопез, синовите Рајан Адриан (19) и Кристијан Маркус (22) со поранешната Мис Дејанара Торес и синот Чејс (27) и ќерката Аријана (28) со поранешната Деби Росадо.
Ентони и Фереира открија дека ќе станат родители на Денот на вљубените, само две недели откако се венчаа.
„Најдобриот подарок за Валентајн“, напиша тогаш музичарот.
Надја е четврта сопруга на Марк Ентони. По потекло е од Парагвај. Таа од мала се пријавувала на избори за убавина.
Во 2021-ва година беше избрана за Мис Парагвај, а потоа ја претставуваше својата држава на изборот за Мис Универзум, каде беше избрана за прва придружничка.
Надја и Марк првпат биле видени заедно во Мексико Сити на почетокот на 2022-ра година, а веќе во мај ја објавија свршувачката.
Поради ова, многумина ја осудија дека со музичарот е за пари и слава.
Прочитајте и Марк Ентони ја побарал за жена по 3 месеци врска, поранешниот дечко ја обвини дека е спонзоруша – Што знаеме за Надја Фереира?
А. J. | Црнобело