Младоженецот плаче од радост, олтарот е прекриен со бели рози - Први фотки од свадбата на Марк Ентони со 23-годишната Надја Фереира
- Детали
- понеделник, 30 јануари 2023
Поранешниот сопруг на Џеј Ло, Марк Ентони викендов се ожени по четвртипат. Овојпат пејачот се ожени за поранешната Мис Универзум, Надја Ферерира, а како што може да се види од првите фотографии, тој со солзи во очите ја дочека својата избраничка пред олтарот. Кумови на свадбата биле Дејвид Бекам и најбогатиот човек во Мексико, Карлос Слим.
Марк Ентони (54) се ожени по 4-ти пати пат. Тој стапи во брак со Надја Фереира (23), која важи за една од најубавите жените на светот.
Свадбата се одржа во саботата (28.01) во Мајами, а меѓу гостите беа Дејвид и Викторија Бекам, Салма Хајек, Малума, Луис Фонзи, но, забележително не дојдоа неговите деца од бракот со Џеј Ло, Макс и Еме.
Свадбата се одржала во шатор што бил луксузно декориран со секаков вид на бели цвеќиња, додека таванот, ѕидовите, олтарот и подиумот биле прекриени со бели рози. Кумови на свадбата биле Дејвид Бекам и најбогатиот човек во Мексико, Карлос Слим.
Инаку, денес е објавено првото официјално видео во кое може да се види дел од двете венчаници што Надја ги носеше на свадбата, како и моментот кога таа оди кон олтарот.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело