Марк Ентони (54) го очекува седмото дете со четвртата сопруга Надја (23), две недели по свадбата (фото)
- Детали
- среда, 15 февруари 2023
Марк Ентони (54) и четвртата сопруга – 23-годишната Надја – очекуваат дете. Надја нема други деца, додека пејачот има шест други деца од поранешни девојки и сопруги, вклучувајќи ја и Џеј Ло.
На Денот на вљубените, Марк Ентони и сопругата Надја Фереира открија дека очекуваат дете.
54-годишниот пејач и неговата четврта сопруга ги споделија убавите вести со објава на Инстаграм.
На фотката, во преден план е стомачето на 23-годишната Надја, како и дијамантските веренички прстени на парот.
„Најдобриот подарок за Валентајн! Ти благодариме Боже за овој голем благослов во нашите животи“, стои во описот.
Парот ја најави бременоста само две недели по свадбата која се одржа на 28-ми јануари во Мајами.
Ова е првото дете на Надја, но пејачот веќе има шест деца од претходни врски и бракови.
Неговото најстаро дете, 29-годишната ќерка, ја доби со поранешната девојка Деби Росадо. Подоцна тие посвоија и син.
Од првата сопруга, со која се венча во 2000 година, Марк има две деца – Кристијан (22) и Рајан (19).
Следно, Марк се венча со Џеј Ло и во 2008-ма ги добија близнаците Еме и Макс.
По разводот со Џеј Ло, пејачот се венча со моделот Шенон де Лима, но нивниот брак траеше едвај две години.
Првите гласини за врската на Марк и 30 години помладата девојка се појавија пред околу една година.
Само три месеци подоцна, пејачот се пофали дека ја побарал за жена.
Погледнете и: Марк Ентони ја побарал за жена по 3 месеци врска, поранешниот дечко ја обвини дека е спонзоруша – Што знаеме за Надја Фереира?
Спирова С. | Црнобело