Што ќе се случи ако раскинат Роналдо и Џорџина Родригез + како таа му ги троши парите?
- Детали
- среда, 14 јуни 2023
Среде гласините дека ќе раскинуваат, странските медиуми споделуваат дека Џорџина и Роналдо имаат направено вид „предбрачен“ договор без разлика што не се во брак. Ова значи дека ако раскинат, Роналдо ќе ѝ плаќа околу 100.000 евра месечно, до крајот на животот. Што друго ќе добие Џорџина според договорот?
Изминативе неколку месеци се шират гласини дека на Роналдо му е „преку глава“ од Џорџина и дека на нивната врска ѝ се ближи крајот.
Парот се нема огласено за шпекулациите, но мајката на Роналдо, Долорес, тврди дека сето тоа се лаги. Според неа, Роналдо и Џорџина понекогаш имаат несогласувања како и секој нормален пар, но истакнува дека се во ред.
Според гласините, на Роналдо не му се допаѓа тоа што Џорџина постојано ги троши неговите пари.
Бидејќи Џорџина е практично невработена, засега е познато дека Роналдо и дава 100.000 евра месечно, а можеби и повеќе, како џепарлак.
Сега, пак, според Daily Mail, Џорџина се осигурала дека ќе продолжи да добива пари, дури и ако раскинат.
Повикувајќи се на шпански извори, британскиот медиум сподели дека Џорџина и Роналдо имаат направено нешто слично на предбрачен договор, без разлика што не се во брак.
Па, доколку се разделат, Џорџина ќе добива финансиска поддршка од Роналдо. Односно, тој ќе ѝ плаќа околу 100.000 евра месечно, и тоа до крајот на животот.
Истовремено, во случај на разделба, таа би го добила и нивниот дом во Мадрид.
Џорџина би добивала алиментација бидејќи, според законот, таа е мајка на сите деца на Роналдо, не само на нејзините биолошки.
Засега фудбалерот се нема огласено во врска со „предбрачниот“ договор.
За потсетување, Џорџина и самата сака да се фали за раскошниот живот што ѝ го овозможува Роналдо.
Во една епизода од нејзиното реално шоу I’m Georgina, таа зборува како има потреба да купи сè што ќе ѝ се допадне во продавница.
„Бев да купам нешто за на плажа и, на крај, ја купив половина продавница“.
Според пријателка на Џорџина, таа не ни пробувала да се контролира и се имало случено во еден ден да потроши над 27.000 евра со импулсивно купување.