Роналдо превртува со очи додека Џорџина Родригез зборува - сè погласни тврдењата дека е крај на нивната љубов (видео)
- Детали
- понеделник, 12 јуни 2023
Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, стана хит на Твитер, откако беше снимен како превртува со очи додека Џорџина зборува со новинарите. По ова се засилија гласините дека постојано се караат и дека на љубовта ѝ долшол крај.
Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез беа во Мадрид, на настан на кој фудбалерот ја промовираше неговата нова вода за пиење со минерали „Minerales de Avila“.
По прес конференцијата, новинарите побарале од Џорџина да им одговори на неколку прашања, не само за бизнисот на фудбалерот, туку и за нивниот приватен живот. И тогаш новинарите ја снимиле реакцијата на Роналдо каде превртува со очите, а видеото почна да се споделува на Твитер.
https://twitter.com/laligafrauds/status/1666904431982436384
Наводно, Роналдо превртел со очи откако новинарите ја прашале Џорџина дали ќе се омажи со славниот фудбалер. Според близок пријател на Кристијано, на Роналдо не му се допаднало тоа што таа воопшто одговорила на ова прашање, без оглед на тоа каков бил нејзиниот одговор.
Твитерџиите, пак, се шегуваат дека Џорџина е аргентински шпиун, а има и такви кои велат дека видеото е извадено од контекст и дека веднаш по ова Роналдо се смее.
Реакцијата на Роналдо уште повеќе ги засили гласините дека врската меѓу фудбалерот и инфлуенсерката е во криза и дека нема да бидат заедно уште долго време.
Светските медиуми од поодамна пишуваат дека тие постојано се караат, а Роналдо е наводно лут и што неговата девојка сè помалку време посветува на децата, а многу повеќе на себе и својата инфлуенсерска кариера.
Нему не му се допаднал ниту документарецот, во кој Џорџина открива како живеат и смета дека раскажала премногу интимни детали во втората сезона.
И покрај ова, по промоцијата, Џорџина на својот Инстаграм објави фотка со Роналдо и ја промовираше неговата нова вода.
Џорџина и неодамна беше критикувана за своето однесување со децата, откако на Инстаграм објави фотки од 6-иот роденден на близнаците Матео и Марија, но во фокусот на фотките беа таа и нејзиниот скап накит и облека, а не децата и нивниот роденден.
Прочитајте и Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во врска пред Роналдо?
А. Ј. | Црнобело