„И ти си некоја мајка, засрами се“: Емили Ратајковски критикувана за провокативниот фустан што го носи додека позира со синот
- Детали
- петок, 09 јуни 2023
„Да не го однесе синот и на забава во стриптиз бар?!“ – ја прашуваат следбениците Емили Ратајковски, која повторно е оцрнета како мајка, поради фустанот што го носи на роденденската прослава со синот. Според многумина, манекенката се облекла како стриптизета.
Емили Ратајковски објави фотографии и видеа од нејзината роденденска забава на кои позира заедно со синот Силвестер Беар и пак се најде на удар на критики дека е лоша мајка. Овојпат на нејзините следбеници не им се допаѓа аутфитот што таа го избрала за забавата.
Емили Ратајковски често се соочува со критики за тоа како се однесува со 3-годишниот син Силвестер. Ја критикуваа дека не знае да го држи бебето, дека пие алкохол додека дои, се фотографира гола со него, а сега, според многумина треба да го преиспита и начинот на којшто се облекува и позира со него.
Емили го прослави својот 32-ри роденден со синот Силвестер, а на Инстаграм објави видео на кое тие двајца заедно ги дуваат свеќичките.
„Зборот ‘благодарна’ не може да го опише чувството“ – напиша таа до видеото.
За да го погледнете видеото, кликнете на стрелката во објавата:
Заедно со него, Емили објави и повеќе фотографии на кои позира во краток кожен фустан.
Но, на голем број од следбениците не им се допаѓа нејзиниот избор на облека и сметаат дека воопшто не е соодветен за забава на која присуствува и малиот Силвестер.
„Кога тоа момче ќе порасне и ќе ги види тие фотографии, се прашувам какво мислење ќе има за мајка му која провокативно позира на сите фотографии“,
„Тоа го носеше за забавата со синот? Дали го однесе и во стриптиз клуб потоа?“,
„Како да си дошла на роденденската забава по завршувањето на смената во стриптиз бар“,
„Облечена си како садо-мазо девојка на забавата со синот. И ти си некоја мајка“ – стои во дел од коментарите.
Инаку, по дувањето на свеќичките, Емили роденденот го прослави со нејзината другарка Џулија Фокс, која исто така во последно време привлекува внимание со бизарните аутфити кои граничат со вулгарност.
Прочитајте и „Го држи детето како моден додаток“: Емили Ратајковски објави фотки на кои го дои Силвестер, по критиките
Погледнете уште неколку фотографии од Емили во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело