„Конечно научи како да го држи детето“ - Емили Ратајковски повторно мета на потсмев на социјалните мрежи
- Детали
- понеделник, 15 август 2022
„Детето ти е слатко, но мора да се симнеш од облаци“ – стои во еден од коментарите упатени до манекенката Емили Ратајковски, откако таа објави нови фотографии со синот Силвестер Аполо Беар.
По вестите дека се разведува од сопругот Себастијан Беар Меклард (34), манекенката Емили Ратајковски (32) се фотографира заедно со синот Силвестер Беар (1), а фотките ги објави на социјалните мрежи.
Емили позира во тесни црни хеланки и бел проѕирен кроп топ, а покрај големиот број пофалби, манекенката повторно беше мета на постмев на оние што и во минатото ѝ замеруваа за тоа како се грижи за детето.
За потсетување, минатата година Емили објави фотки во кои ја рекламираше својата нова колекција, а голем број од нејзините следбеници ѝ забележаа за тоа дека не знае правилно да го држи синот и не му го држеше вратот.
Очигледно, некои од нив сѐ уште не ѝ ги забораваат грешките од минатото, па и до новите фотографии веднаш побрзаа да коментираат:
„Конечно научи како да го држи бебето“, „Детето ти е слатко, но мора да се симнеш од облаците, жено“, „Жалам што те изневерија“ – се само некои од коментарите упатени на сметка на познатата манекенка и дизајнерка.
Прочитајте и Не знае да го држи бебето, пие вино додека дои – секој пат кога мајчинството на Ратајковски беше мета на критики
Погледнете ги другите фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело