„Го држи детето како моден додаток“: Емили Ратајковски објави фотки на кои го дои Силвестер, по критиките
- Детали
- четврток, 10 јуни 2021
По критиките за начинот на којшто го држи нејзиното дете, Емили Ратајковски објави нови фотки од одморот на Туркс и Кајкос каде што го слави 30-иот роденден, заедно со фотографија на која го дои синчето Силвестер.
Емили Ратајковски го слави 30-тиот роденден со тропски одмор на Туркс и Кајкос, заедно со сопругот Себастијан и 3-месечниот Силвестер.
Моделот сподели неколку фотки од роденденскиот одмор на кои го покажува совршеното тело само три месеци по породувањето.
Моделот објави и неколку фотографии со Силвестер, вклучувајќи и фотки на кои го дои.
Само неколку дена претходно, Емили беше критикувана за нејзините објави, најмногу поради тоа како го држи нејзиниот син. На „проблематичните“ фотографии, Емили и синчето носат исти костими за капење, а она што им го привлече вниманието на фановите е начинот на којшто таа го држи Силвестер.
Прочитајте повеќе: Емили Ратајковски (30) во смело бикини издание со синчето – 3 месеци по породувањето е во топ форма (фото)
Некои ја обвинија дека го држи детето како „моден додаток“, нагласувајќи дека тоа не е украс за нејзините Инстаграм фотки. Други пишуваа дека детето нема никаква потпора за главата и дека тој начин на држење може да биде опасен.
По многуте критики, Емили дури и ги забрани коментарите на Инстаграм објавата, но фановите продолжија да коментираат на Твитер:
„Зошто го држи тоа мало беспомошно суштество како учебник?“
„Нема никаква поддршка на вратот. Како може една мајка така да го држи своето дете?“
„Го држи како моден додаток. Мило ми е што не сум само јас што го забележува ова“.
Спирова С. | Црнобело