Емили Ратајковски (30) во смело бикини издание со синчето – 3 месеци по породувањето е во топ форма (фото)
- Детали
- понеделник, 07 јуни 2021
Кој би рекол дека згодната манекенка се породила само пред три месеци? Емили Ратајковски денес го слави својот 30-ти роденден, а по тој повод објави фотки со синчето, облечена во смело бикини издание. Овие фотографии истовремено се и доказ дека Емрата веднаш се враќа на работните задачи.
Таа ги објави фотографиите направени на непозната, тропска локација покрај плажа. Смелиот костим за капење е во сина боја со портокалови шари и со врвки околу вратот и на стомакот. Дополнително, нејзината коса е сосема природна, а на лицето изгледа како воопшто да нема шминка.
https://www.instagram.com/p/CPyV-tkMnCB/?utm_source=ig_web_copy_link
На фотографиите што 30-годишната манекенка и модна дизајнерка ги објави на нејзиниот Инстаграм профил го гледаме и 3-месечното бебе Силвестер во кратки пантолони со идентични шари како оние на бикини костимот за капење на мама. Двата модела се од линијата Enamorata на Ратајковски.
Дополнително, поддршка за новата модна линија на Емили даде и нејзиниот сопруг Себастијан Беар Мекларг, кого можеме да го видиме како „ѕирка“ на една од фотографиите зад нив со шорцеви со исти шари.
„Роденденска вечер со партнерот за патувања од соништата“ – напиша таа до фотографиите.
Подоцна Емили сподели уште неколку фотографии на кои го покажа затегнатиот стомак во градник со монисти и долго портокалово здолниште.
Фотографиите до кои Емили го сподели само својот хороскопски знак „Близнаци“, се направени само еден ден пред нејзиниот 30-ти роденден. Ова е нејзин прв роденден откако стана мајка.
Претходно Ратајковски објавуваше смели фотографии од доење и од мајчинството на нејзиниот Инстаграм профил. Само еден месец по породувањето имавме можност да видиме дека манекенката се вратила во топ форма.
Погледнете уште неколку фотографии од Емили:
Б. С. Б. | Црнобело