Емили Ратајковски го покажа згодното тело по породување и објави мајчински фотки на кои го дои синчето
- Детали
- среда, 14 април 2021
Пред околу еден месец Емили Ратајковски го роди своето прво дете, а деновиве познатиот модел покажа како изгледа нејзиното тело по бременоста. На видеото што го сподели, Емили изгледа речиси идентично како и пред бременоста, што навистина е за восхит.
Деновиве Емили Ратајковски гордо покажа како изгледа нејзиното тело, само околу еден месец после бременоста. 29-годишниот супермодел го роди нејзиното прво дете на 8-ми март, но се чини дека веднаш се вратила во форма.
На својот Инстаграм профил, Емили сподели видео на кое носи бикини и ги покажува затегнатите стомачни и задник.
Покрај видеото, Емили сподели и фотка на која носи едноделен костим за капење со интересен дезен.
https://www.instagram.com/p/CNfvzJ6suXN/
Младата мајка објави и Инстаграм Стори, каде што во прв план е нејзиното бујно деколте.
Претходно Емили објави и неколку фотки со нејзиното новороденче. На две од нив го дои, а на третата го фотографирала од главата надоле. Како и голем број славни, и моделот не сака да го открие лицето на детето.
Во текот на бременоста, Емили беше доста отворена за целото искуство и редовно објавуваше фотографии, неретко без воопшто да носи облека.
Спирова С. | Црнобело