Кралица на модните промашувања: Бившата на Том Круз во сандали и црни чорапи низ Њујорк

Кејти Холмс повторно покажа дека е кралица на модните промашувања, откако облече црни сандали со црни дебели чорапи, во комбинација со фустан и палто врзано околу половина.

kralica-na-modnite-promashuvanja-bivshata-na-tom-kruz-vo-sandali-i-crni-chorapi-niz-njujork-01.jpg

Актерката Кејти Холмс можеби изгледа одлично на филм, но кога е во прашање приватниот стил, има повеќе модни катастрофи, отколку погодоци.

Последната модна грешка на Кејти повторно го привлече вниманието на јавноста.

kralica-na-modnite-promashuvanja-bivshata-na-tom-kruz-vo-sandali-i-crni-chorapi-niz-njujork-03.jpg

Таа на прошетка низ улиците на Њујорк, каде што беше со својата мајка, носеше фустан во нежна боја.

Фустанот го комбинираше со црни сандали и дебели црни чорапи, а околу половината врза црна јакна.

kralica-na-modnite-promashuvanja-bivshata-na-tom-kruz-vo-sandali-i-crni-chorapi-niz-njujork-05.jpg

Откако во медиумите се појавија нејзините фотки, фановите по којзнае кој пат коментираат дека на бившата на Том Круз очајно ѝ е потребен стилист.

Интересно е што во 2012 година Холмс беше прогласена за најубаво облечена жена во светот.

kralica-na-modnite-promashuvanja-bivshata-na-tom-kruz-vo-sandali-i-crni-chorapi-niz-njujork-06.jpg

Но, оттогаш стилот на Холмс се смени, па нејзините модни избори, американските медиуми ги оценуваат како „дискутабилни“ и „лоши“.

Кејти изненади и на црвениот тепих на Jingle Ball во 2022 кога се појави во фармерки, црни спортски патики и тегет блуза без прерамки.

Погледнете уште неколку лоши модни избори на Кејти Холмс:

kralica-na-modnite-promashuvanja-bivshata-na-tom-kruz-vo-sandali-i-crni-chorapi-niz-njujork-07.jpg

kralica-na-modnite-promashuvanja-bivshata-na-tom-kruz-vo-sandali-i-crni-chorapi-niz-njujork-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Карлос Солис од „Очајни домаќинки“ старее како виното: Како изгледа актерот 14 години по крајот на с... Со актерството започнал да се занимава во средно училиште за да успее да ја преб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg