Бившата на Канје Вест топлес на Кански – Дали ова е најневкусното издание на фестивалот досега? (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 22 мај 2023
Џулија Фокс на Кан се појави во „фустан за пумпање млеко“. Горниот дел има корсет кој наликува на проѕирна растопена коцка мраз во кој таа беше топлес, а долниот дел е во форма на медуза. Сите се прашуваат дали ова е најневкусното издание на бившата на Канје Вест која во минатото се сликаше како оди во маркет само во долна облека...
Поранешната девојка на Канје Вест, Џулија Фокс се појави на Кански фестивал, а благодарение на нејзиниот аутфит, кој остави многу малку на имагинацијата, сите погледи беа вперени во неа.
Џулија Фокс (33) која беше во врска со Канје, кратко откако тој се разведе од Ким Кардашијан, се појави на настан што се организира во рамки на престижниот Кански фестивал, а и овојпат избра аутфит што со сигурност ќе го привлече вниманието на другите.
https://www.instagram.com/p/CshptfoL_1s/
Минатата година, Џулија привлече внимание откако се појавија нејзини фотографии како во долна облека оди во продавница, а сега отиде чекор понапред, па градите ги „покри“ со проѕирен корсет, којшто наликува на растопен мраз и не крие ништо.
Здолништето што го носеше има специфична „медуза“ форма, а изгледот го надополни со накит и несредена пунџа.
https://www.instagram.com/p/CshpuzMr00z/
Фустанот којшто таа го носеше на Кан уште го нарекуваат и „фустан за пумпање млеко“.
До видеото објавено од нејзиното појавување има низа негативни коментари упатени до неа:
„Ова е смешно“, „Очигледно нема со што друго да се пофали“, „Извинете, но јас би била засрамена да излезам во такво издание. Ништо не скрива, навистина е ужасно“,
Погледнете го видеото од Џулија Фокс:
Б. С. Б. | Црнобело