Ирина Шајк ги сврте сите погледи кон себе во кожено здолниште и со гол стомак на црвениот килим во Кан (фото)
- Детали
- понеделник, 22 мај 2023
Рускиот модел, Ирина Шајк, издоминира во Кан и со храбриот избор на облека, но и со совршено извајаното тело и стомачните мускули на кои може да ѝ позавиди секоја жена. Мајка, жена, кралица!
Рускиот модел Ирина Шајк (37) го привлече вниманието на сите присутни на Филмскиот фестивал во Кан со екстравагантната кожена креација на премиерата на филмот „Le Jeu De La Reine“.
Шајк, за црвениот килим избра црно-црвено здолниште, а градите ѝ беа покриени со кожени ленти. Креацијата ја комбинираше со впечатлив дијамантски ѓердан и минималистичка шминка.
Стилистите го оценија изгледот на Шајк со десетка.
Светските медиуми пишуваат дека рускиот модел издоминира во Кан, и со храбриот избор на облеката, но и со совршено извајаното тело и стомачните мускули на кои може да ѝ позавиди секоја жена.
Со ова се сложуваат и на Твитер, па велат дека нејзината креација е најкул од сите што се појавија до сега на 76. издание на фестивалот во Кан.
https://twitter.com/WtxNews/status/1660399071629066247
Ирина Шајк скоро секоја година е гостинка на Канскиот фестивал. Таа се појави и на премиерата на новиот филм на Мартин Скорсезе „Killers Of The Flower Moon“.
На оваа премиера Шајк дојде во друштво на модниот дизајнер Рикардо Тиши, а избра тоалета со раскошни карнери и „V“ израз, кој ги открива градите.
https://twitter.com/irinashaykbra/status/1660314885480120320
За многумина црвениот тепих на Канскиот фестивал е најдобрата модна писта во светот.
Повеќе фотографии од Ирина Шајк:
Прочитајте и Наоми Кемпбел како сирена во сребрено, Алесандра Амбросио остава без здив - Гламурот на отворањето на Канскиот фестивал 2023
А. Ј. | Црнобело