Наоми Кемпбел како сирена во сребрено, Алесандра Амбросио остава без здив - Гламурот на отворањето на Канскиот фестивал 2023

Наоми Кемпбел избра сребрен фустан со светки, Ел Фанинг носеше балска креација, Алесандра Амбросио мамеше воздишки во црвен фустан што ја следи линијата на телото. Како изгледаше гламурот на црвениот тепих на отворањето на Канскиот фестивал?

naomi-kempbel-kako-sirena-vo-srebro-alesandra-ambrosio-ostava-bez-zdiv-sjajot-i-glamurot-na-otvoranjeto-na-kanskiot-festival-01.jpg

Вчеравечер (16.05.2023) свечено беше отворено 73-тото издание на Филмскиот фестивал во Кан. Отворањето ги собра холивудските ѕвезди и топ модели и донесе многу гламур на француската ривиера.

Раскошни фустани, сјајни креации и луксузни тоалети, дополнети со впечатливи парчиња накит кај дамите и елегантни костуми за мажите.

Популарната Кроазета во срцето на Кан и овојпат беше вистинска модна писта.

Колку што привлече внимание враќањето на Џони Деп, кој го промовираше својот нов филм „Jeanne du Barry“, и појавувањето на Мајкл Даглас, кој ја доби почесната награда „Златна палма“ за животно дело, толкаво внимание привлекоа и гламурозните креации на дамите.

Модата на црвениот тепих во Кан како никогаш да не била толку добра:

Супермоделот Наоми Кемпбел, која долго време не се појавува на црвениот тепих, за отворањето на фестивалот избра сребрен фустан со светки со длабоко деколте.

naomi-kempbel-kako-sirena-vo-srebro-alesandra-ambrosio-ostava-bez-zdiv-sjajot-i-glamurot-na-otvoranjeto-na-kanskiot-festival-10.jpg

Актерката Ел Фанинг ги остави присутните без здив – таа носеше балски фустан со корсет и впечатливи детали.

naomi-kempbel-kako-sirena-vo-srebro-alesandra-ambrosio-ostava-bez-zdiv-sjajot-i-glamurot-na-otvoranjeto-na-kanskiot-festival-17.jpg

Алесандра Амбросио воодушеви во креација во црвена боја со качулка, длабоко деколте и впечатлив ѓердан.

naomi-kempbel-kako-sirena-vo-srebro-alesandra-ambrosio-ostava-bez-zdiv-sjajot-i-glamurot-na-otvoranjeto-na-kanskiot-festival-02.jpg

Актерката Бри Ларсон, која годинава е и во жирито, за отворањето на фестивалот избра фустан во златно-бакарни тонови.

naomi-kempbel-kako-sirena-vo-srebro-alesandra-ambrosio-ostava-bez-zdiv-sjajot-i-glamurot-na-otvoranjeto-na-kanskiot-festival-13.jpg

Кетрин Зита-Џонс воодушеви со црвениот фустан од тул со наметка преку едното рамо. Друштво ѝ правеа сопругот Мајкл Даглас и ќерката Карис, која првпат се појави на црвениот тепих со своите родители.

naomi-kempbel-kako-sirena-vo-srebro-alesandra-ambrosio-ostava-bez-zdiv-sjajot-i-glamurot-na-otvoranjeto-na-kanskiot-festival-19.jpg

Ума Турман на отворањето дојде со својот син Левон Хок. Таа избра фустан во беж боја и црвена наметка.

naomi-kempbel-kako-sirena-vo-srebro-alesandra-ambrosio-ostava-bez-zdiv-sjajot-i-glamurot-na-otvoranjeto-na-kanskiot-festival-04.jpg

Погледнете ја галеријата од сите присутни во продолжение:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Деми Мур со кучето, Салма Хајек ги истакна облините: Најубавите модни изданија на Кански филмски фес... Ања Тејлор Џој изгледаше беспрекорно во светкавиот долг фустан, додека Салма Хај...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Крвта не е вода: Порасна ќерката на Алесандра Амбросио – позира во бикини со мама на Хаваи (фото) Малечкото девојче порасна во прекрасна тинејџерка која е на прагот на 16-ти роде...
Ким наводно извадила ребра за корсетот, Зендеја смени 2 аутфити: Модата на Мет гала 2024 (фото) Заради тенката половина која ја покажа со корсетот што го носеше на Мет гала, Ки...
Познати жени кои се борат со опаѓање на косата Проблемот со опаѓање на косата не ги мачи само мажите, туку и жените.  Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg