Криси Тајген објави фотка од раѓањето на бебето со царски рез во сала: „Мислам дека органите ми беа извадени на маса, но тоа е кул“
- Детали
- среда, 10 мај 2023
„Екстремно реалистичен вештачки стомак“ – напиша Криси на фотката од интимниот момент на раѓањето на третото дете во операциона сала, докажувајќи им се на критичарите што ја обвинија дека не била вистински бремена. За искуството, таа отворено раскажува: „Засекот е голем и не знаеш кога стомакот ќе ти се врати во нормала и ќе се состави пак. Мислам дека органите ми беа извадени на маса на некоја секунда, но мене тоа ми е кул“.
Пред 4 месеци, Криси Тајген се породи по третпат и ја доби ќерката Ести Максин, но во последно време се соочуваше со критики на социјалните мрежи, дека бебето го добила од сурогат мајка, а на себе носела лажен стомак.
Таа е позната по тоа што никогаш не останува „должна“, па како и секогаш им одговори на критичарите на најуникатен начин.
На Инстаграм Стори таа објави фотка од интимниот миг на породувањето со царски рез, кога бебето веќе е извадено додека таа е на операциона маса.
„Екстремно реалистичен вештачки стомак“ – напиша саркастично Криси во описот на фотката.
Неодамна, за People, таа отворено зборуваше за породувањето со царски рез, откако претходно двете деца Луна и Мајлс ги роди природно.
„Бев возбудена, си реков дека веќе двапати го имам пробано вагиналното породување, па сега ќе го пробам и ова. Сакам операција. Ми се допаѓа што ги видов и двете искуства“.
Таа искрено и без влакна на јазик опиша како го доживеала моментот и како се чувствувала за царскиот рез:
„Засекот е голем и не знаеш кога стомакот ќе ти се врати во нормала и пак ќе се состави. Мислам дека органите ми беа извадени на маса на некоја секунда, но мене тоа ми е кул.
Правев фотки одозгоре. Имам најлуди фотки од папочната врвца и сите работи. Навистина е лудо, но сепак мислам дека е кул.
Си велам, 'О Боже, лежев таму будна со моето тело исечено и отворено и одеднаш излезе бебе'. Сега Мајлс и Луна сакаат да ми ја гледаат лузната и ја нарекуваат дупката на бебето“.
Прочитајте и Криси Тајген целосно гола со новороденчето во када: „Имам града која виси од страна и виолетови доживотни лузни“
Повеќе нови фотки од Криси со третото дете:
М. М. | Црнобело