Криси Тајген целосно гола со новороденчето во када: „Имам града која виси од страна и виолетови доживотни лузни“
- Детали
- среда, 19 април 2023
„Града која некако виси по цела моја страна и длабоки виолетови доживотни лузни“ – Криси Тајген упати порака до сите мајки, со фотка на која е целосно гола во када со новороденчето и ги покажа несовршеностите на телото кои ја прават мајка.
Криси Тајген во јануари 2023 се породи со третото дете, а како порано, така и сега, е брутално искрена за тоа како изгледа мајчинството и секојдневието со новороденче.
Таа споделува интимни, семејни моменти, на кои го дои детето и се измолзува, а овојпат, објави фотка на која е целосно гола во када со нејзиното новородено дете.
Очигледно е дека не се грижи за малите несовршености на телото и упатува порака дека стриите и виснатите гради не треба да бидат причина за да не се чувствувате совршено.
„Града која некако виси по цела моја страна и длабоки виолетови доживотни лузни, но премногу сте совршени за да се грижите за нешто од тоа“ – стои до објавата.
Уште неколку фотки од Криси по породувањето:
М. М. | Црнобело