Беше кројачка во ZARA, па го заведе сопственикот на компанијата – Како Флора Перез Маркоте стана една од најбогатите жени?
- Детали
- недела, 07 мај 2023
Од ќерка на шивачка до кројачка во ZARA, од љубовница на сопственикот до една од најбогатите жени во светот. За неа велат дека и покрај тоа што има милиони, сама го чисти станот во кој живее и сама готви. Која е Флора Перез Маркоте, сопругата на сопственикот на ZARA?
Флора Перез Маркоте (71) е една од најмоќните жени во светот. Таа е сопруга на сопственикот на ZARA, Амансио Ортега (87), а важи за една од најповлечените жени милионери во светот. Но, нејзината животна приказна е занимлива сама по себе.
Денес сите ја знаат Флора Перез Маркоте како сопруга на Амансио Ортега, сопственикот на ZARA и како мајка на Марта Ортега, жената што од неодамна застана на чело на светски познатиот моден бренд, но таа имала мошне скромни почетоци.
Иако денес Флора се труди да остане колку е можно подалеку од медиумите и од очите на јавноста, нејзината врска со Амансио била скандалозна.
Прочитајте и Нема средно образование, во афера со вработена ја добил ќерката што го наследи – Факти за основачот на ZARA, Амансио Ортега
Погледнете во продолжение како таа успеала да го заведе сопственикот на ZARA:
Флора потекнува од скромно работничко семејство од Шпанија. Нејзините родители од село се преселиле во градот Ла Коруња, за да најдат полесно вработување.
Таа пораснала со уште седум браќа и сестри, а мајка ѝ ѝ ја шиела нејзината облека кога била мала, па така таа уште од најмала ги научила тајните на занаетот.
Кога Флора се запознала со сопственикот на ZARA, Амансио Ортега, тој бил оженет со неговата прва сопруга Розалија Мера, со која има две деца: ќерката Сандра и синот Маркос кој страда од церебрална парализа.
Додека бил во брак со Розалија, која исто така била шивачка и му помогнала да го започне бизнисот, Амансио ќе ја започне аферата со младата кројачка во неговата компанија, Флора.
Амансио и Флора имале тајна врска, и за нив се ширеле гласини во компанијата, затоа што никој не можел, а да не ги забележи скриените погледи што си ги упатувале еден кон друг додека биле во непосредна близина.
Исто така, гласините за нивната афера станале сѐ погласни откако Флора, од кројачка била унапредена во менаџерка.