Му пречи тоа што бесрамно се бакнуваат во јавност – Зошто синот на Џеј Ло не го поднесува Бен Афлек?
- Детали
- вторник, 11 април 2023
„Џеј Ло бараше од Бен да ја бакне страсно на улица, а Макс веднаш се сврте со грб и гледаше во телефонот додека тие двајца не завршија“ – со овие зборови очевидец опишува како реагира синот на Џеј Ло кога ќе ја види мајка му како јавно разменува нежности со неговиот нов очув. Наводно 15-годишниот син на пејачката не е воодушевен од нивното однесување.
Бен Афлек и Џеј Ло се еден од омилените холивудски парови во моментов. Нивната приказна за помирувањето по речиси две децении откако раскинаа, уште е топ тема во сите светски медиуми, а папараците будно го следат секој нивен чекор.
Сепак, иако се чини дека познатиот пар конечно ја најде среќата и се вљубени еден во друг, нивното „бесрамно“ однесување во јавност не му се допаѓа на еден член од нивното семејство.
Од папарацо фотографиите што повеќепати биле објавувани во јавност може да се види дека децата на Бен Афлек од бракот со Џенифер Гарнер одлично се сложуваат со 15-годишната ќерка на Џеј Ло, Еме.
Исто така јасно е дека таа има одличен однос и со нејзиниот нов очув, но истото не може да се каже и за нејзиниот брат близнак, Макс.
Со цел да докажат дека нивниот брак е совршен и дека се неизмерно вљубени еден во друг, Бен и Џеј Ло не бираат ниту време, ниту место каде се бакнуваат, а честопати во кадрите од папараците може да се забележи дека во непосредна близина се и нивните деца.
Додека Еме и децата на Бен немаат проблем со тоа што нивните родители јавно ги искажуваат емоциите, очигледно тоа му пречи на синот на Џеј Ло, кој е во тинејџерските години.
Макс, за разлика од неговата сестра Еме, сака да води повлечен живот, подалеку од очите на јавноста и ретко можеме да го забележиме во фотографиите на папараците.
Според пишувањата во дел од странските медиуми, нему воопшто не му се допаѓа однесувањето на неговата мајка со очувот во јавност.
„Џеј Ло и Бен се поздравуваа, а таа не сакаше да го пушти да си замине без страстен бакнеж. Се гледаше дека на Макс не му е пријатно да ги гледа како се бакнуваат.
Само им го сврте грбот и гледаше во телефонот додека тие двајца не престанаа“ – вели во изјава за медиумите еден очевидец што имал прилика одблиску да види како реагира синот на пејачката кога таа со новиот сопруг се бакнува во јавност.
На истата тема зборуваше и Џеј Ло, па така таа во интервју за Vogue откри дека Бен е построг од неа со децата и дека односот помеѓу неа и децата се променил:
„Моите деца во Бен гледаат нов сојузник, некој што ги сака и се грижи за нив, но понекогаш има поинаква перспектива и ми помага да увидам некои работи што не би ги забележала затоа што сум силно емотивно врзана за нив“.
Една од фотографиите што вирално се прошири на социјалните мрежи е онаа на која се гледа како Бен го прегрнува Макс, а синот на Џеј Ло стои мирно и како да не може да дочека неговиот нов очув да го пушти.
Погледнете уште неколку фотографии од Макс и Бен во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело