Рики Мартин за моментот кога јавноста дозна дека е геј: „Имав трауми, сега би постапил поинаку, а девојките навистина ги сакав“
- Детали
- недела, 09 април 2023
„Кога го изусти прашањето, се почувствував загрозено, бидејќи не бев подготвен да признаам, многу се плашев. Остана малку посттрауматски стрес од тоа. Не ни знаев дали сум геј, се гледав и со девојки и навистина ги сакав, имаше хемија, но сега би постапил поинаку во интервјуто“ – да се навратиме на моментот кој ја промени кариерата и животот на Рики Мартин, и тоа што му се случувало откако беше присилен да признае дали е геј на национална телевизија.
Во 2000-та, Рики Мартин уживаше во огромен успех во музичката кариера. Но, едно прашање во интервју со Барбара Волтерс истата година, се верува дека направи целосен пресврт во неговата кариера, но и животот.
„Можеш да ги разјасниш гласините, само кажи да геј сум или не, не сум“ – му рече таа соочувајќи го да ја признае неговата хомосексуалност, на што тој одговори „Ти благодарам што ми дозволуваш да се искажам, но едноставно не се чувствувам така“, со што многумина веќе го знаеја точниот одговор и јавноста одлучи дека тој е геј.
Подоцна, сега веќе починатата Барбара Волтерс, призна дека сфатила дека претерала и дека не одиграла добро во ситуацијата, а дека тоа е нешто што ќе си го памти цел живот како грешка.
„Во 2000-та го притиснав многу силно Рики Мартин да признае дали е геј или не, и начинот на кој тој одовори ги натера сите да одлучат дека е.
Многу луѓе велат дека му ја уништив кариерата со тоа, и кога ќе се сетам на тоа време, чувствувам дека тоа беше непријатно и несоодветно прашање“ – изјави таа во една прилика.
Токму тоа прашање, му создало многу траума на пејачот, а многумина се сложуваат дека неговата кариера веќе не беше иста по тој момент.
„Кога го изусти прашањето, се почувствував загрозено, бидејќи не бев подготвен да признаам, многу се плашев. Остана малку посттрауматски стрес од тоа“ – изјави тој за People во 2021, а потоа откри дека гледајќи наназад на ситуацијата од таму каде што е сега, можеби би постапил поинаку.
„Многу луѓе прашуваат што би направил поинаку... па, можеби ќе признаев уште тогаш во интервјуто. Ќе беше одлично, затоа што подоцна кога признав, чувството беше прекрасно.
Кога станува збор за мојата сексуалност, за тоа кој сум јас, сакам да зборувам за тоа од што сум направен, за сѐ што сум јас. Бидејќи ако криете, тогаш доаѓате до животозагрозувачка ситуација.
Сте го виделе ли видеото? Ужасно е. Се чувствував како да ме удира, удар по удар. Беше непријатно. Но од оваа гледна точка, си велам, зошто не кажав тогаш? Само кажи да, геј сум, на кого му е гајле...“ – додаде тој.
Тоа беше на негови 29 години, една година по доминацијата на „Livin’ La Vida Loca“ и цели 10 години пред тој јавно да ја признае хомосексуалноста со искрено писмо на неговиот вебсајт.
„Гордо кажувам дека сум среќен, хомосексуален маж. Благословен сум за тоа што сум којшто сум“ - напиша тој меѓу другото во писмото во 2010.
Во текот на 90-ите и 2000-ите, тој јавно се гледаше со многу девојки, а понекогаш и со мажи, приватно.
„Многу луѓе во тоа време говореа дека тоа го правам за да се докажам, заради славата и тоа што важам за секс симбол. Можеби, не знам. Љубовта е комплицирана.
Пред да излезам јавно како геј, не знаев ни сам што сум. Бев збунет. Но, кога се гледав со жени, бев вљубен во нив, беше убаво. Не може да се одглуми хемијата, а таа постоеше. Не наведував лажно никого“.
Прочитајте и Девојките на Рики Мартин пред да признае дека сака мажи – со една бил 10 години и сакал заедничко дете
Од 2017-та, Рики е во брак со неговиот сопруг Џуан Јосеф, кој му е голема поддршка и со кого често се појавува во јавност, а заедно растат 4 деца - три момчиња и една ќерка.
Матео и Валентино пејачот ги има од пред да биде заедно со Џуан, а Рен и Луција ги добија заедно од сурогат мајка.
Прочитајте и Имаат 4 деца, се запознале на Инстаграм: Детали за бракот на Рики Мартин и Џуан Јосеф (фото)
М. М. | Црнобело