Зошто е црна и уште 7 прашања за вселената (и животот на астронаутите) што сигурно си ги имате поставено

Колку долго патуваат астронаутите до вселената?

Според експертите, вселената почнува на околу 100 километри надморска височина.

Теоретски, штом ќе се помине оваа граница, атмосферата е премногу ретка, па ако обичен авион лета на оваа височина, ќе мора да влезе во орбитата на Земјата бидејќи ќе почне да паѓа.

Сепак, за НАСА и војската на САД, вселената почнува околу 19 километри над оваа граница. Поради ова, секој кој ќе стигне до оваа височина, се смета за астронаут.

Но, колку време е потребно едно летало да се искачи на оваа височина?

Повеќето ракети стигнуваат до оваа граница за неколку минути – некогаш и само две.

Сепак, некогаш е потребно повеќе време за леталото да влезе во предодрената орбита.

За да се стигне до Меѓународната вселенска станица, потребни се од шест часа до три дена, во зависност од леталото и мисијата.

Астронаутите од Аполо, пак, стигнаа до Месечината за само три дена.

zoshto-e-crna-i-ushte-7-prashanja-za-vselenata-i-zhivotot-na-astronautite-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-06.jpg

Колку ѕвезди има во универзумот и како астрономите го знаат овој број?

Ако сме на неосветлено место и нема Месечина, на ноќното небо можеме да видиме 6.000 ѕвезди во просек. Но, во нашето видно поле има многу повеќе ѕвезди кои се многу далеку, па нивната светлина не ни стигнува до нас.

За да го одредат бројот на ѕвезди во вселената, астрономите прво одредуваат колку галаксии има.

За да го добијат овој број, тие фотографираат мал дел од небото и ги бројат галаксиите на таа фотографија. Потоа го множат овој број со бројот на фотографии потребни за да се покрие целото небо.

Засега, тие имаат избројано околу 2 трилиони галаксии во вселената.

Нормално, невозможно е да се избројат ѕвездите во сите 2 трилиони галаксии бидејќи многу од нив се премногу оддалечени од нас, а и сите имаат различна големина.

Поради ова, се прават претпоставки врз основа на податоците што за Млечниот Пат и поблиските галаксии.

Црвените, белите и сините ѕвезди емитуваат различни количини светлина. Астрономите ја мерат оваа светлина, па според тие податоци прават претпоставки за бројот на ѕвезди во галаксијата.

Со овој метод, тие имаат утврдено дека во Млечниот Пат има околу 100 милијарди ѕвезди.

За да го добијат бројот на ѕвезди во вселената, тие го множат бројот на ѕвезди во Млечниот Пат со бројот на галаксии.

Добиениот број е огромен – околу 200 милијарди трилиони ѕвезди. Ова е број со дури 23 нули.

Секако, ова не е прецизен број и дефинитивно е поголем или помал, но барем ни дава некаква претстава за големината на вселената.

zoshto-e-crna-i-ushte-7-prashanja-za-vselenata-i-zhivotot-na-astronautite-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-07.jpg

Колку изнесува температурата на Месечината?

Температурата на Месечината трпи драстични промени во зависност од тоа дали е ноќ или ден.

За време на лунарниот ден, температурата на екваторот на Месечината достигнува дури 120 степени Целзиусови.

За време на лунарната ноќ, температурата е -130 степени Целзиусови.

На половите, пак, температурата може да биде уште пониска и да се спушти до -253 степени Целзиусови.

Причината за овие драстични промени е тоа што Месечината нема атмосфера како Земјата.

zoshto-e-crna-i-ushte-7-prashanja-za-vselenata-i-zhivotot-na-astronautite-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-08.jpg

Како астронаутите пијат вода?

Водата се однесува многу поразлично во микрогравитација, па за астронаутите е практично невозможно да се напијат вода од чаша.

Поради ова, тие имаат специјални кеси со сламка кои ги користат за пиење вода, но и други течности, како кафе или супа.

zoshto-e-crna-i-ushte-7-prashanja-za-vselenata-i-zhivotot-na-astronautite-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg