Од шампиони во Дота 2 до креатори на видео игра со милионска инвестиција – Кои се Македонците што стојат зад играта Battle for Giostone?

„Македонија не е место за потценување. Нашите програмери се барани на светот, и ние можеме да се гордееме дека интерниот тим за развивање на играта се наоѓа токму тука“ – открива за CRNOBELO.com Стефан Савевски, одговорен за маркетинг на играта Battle for Giostone, која минатата недела успеа да собере инвестиции од 1,2 милиони во криптовалути.

od-shampioni-vo-dota-2-do-kreatori-na-video-igra-koja-zarabotuva-milioni-koi-se-makedoncite-shto-stojat-zad-igrata-battle-for-giostone-01.jpg

Приказната за креирањето на играта Battle for Griostone е успешна приказна за млади македонски програмери кои се запознале додека ја играле познатата игра што го освои светот, Дота 2, а денес се на пат да докажат дека играњето видео игри не е залудно потрошено време, туку дека може да се заработува и додека ги правите работите во кои уживате.

Главен претседател на играта е Миле Граматиков.

od-shampioni-vo-dota-2-do-kreatori-na-video-igra-koja-zarabotuva-milioni-koi-se-makedoncite-shto-stojat-zad-igrata-battle-for-giostone-09.jpg

Ко-основач на играта е еден од најпознатите Дота 2 играчи во светот, Тебан Сива, повеќе познат како 1437 (ова е бројот на карактери во реченицата I love you forever).

od-shampioni-vo-dota-2-do-kreatori-na-video-igra-koja-zarabotuva-milioni-koi-se-makedoncite-shto-stojat-zad-igrata-battle-for-giostone-02.jpg

Во делот на промоцијата на играта тимот направи и видео каде што еден од ко-основачите во Македонија беше обоен за да личи на карактер од играта.

https://www.youtube.com/watch?v=LAJzQE9ZgZk

CRNOBELO.com имаше можност да направи кратко интервју со Стефан Савевски, кој е дел од тимот за маркетинг, а тој ни појасни за каква игра станува збор и како се одвивал целиот процес на изработка.

od-shampioni-vo-dota-2-do-kreatori-na-video-igra-koja-zarabotuva-milioni-koi-se-makedoncite-shto-stojat-zad-igrata-battle-for-giostone-05.jpg

Колку луѓе работеа на играта Battle for Giostone и колку време ви беше потребно за реализација?

На играта работевме околу 90 луѓе вкупно, бидејќи тоа вклучува заеднички труд на повеќе различни сектори. Главната идеја и разработка е тука во Македонија, но имаме помош од фриленсери кои се наоѓаат во Украина и Америка. 

Првичната идеја за играта беше пред околу година и пол, кога крипто игрите почнаа да стануваат популарни.

Во моментот сме на 19-тата верзија на играта и сѐ уште има работа пред да ја пуштиме официјалната верзија.

od-shampioni-vo-dota-2-do-kreatori-na-video-igra-koja-zarabotuva-milioni-koi-se-makedoncite-shto-stojat-zad-igrata-battle-for-giostone-06.jpg

Појаснете ни повеќе детали за делот со инвестицијата - од каде ја добивте, како дојде до тоа некој да инвестира во неа?

За да го објасниме овој дел треба да навлеземе малку подлабоко во крипто сферата. Пред околу две недели, направивме нешто што се нарекува IDO – initial DEX offering.

Во оваа фаза, ние им дозволивме на сите луѓе да „инвестираат“ со тоа што ќе го купат блокчејн токенот на играта. Но, за да може некој да купи 1 долар од нашите токени, треба да стави 2 долари во ликвидност за одржување на стабилна цена на токенот. 

Целта на ова е да имаме стабилна цена во крипто светот која ќе нè направи кредибилни, наместо да им дозволиме на инвеститорите излезна стратегија веднаш штом ќе се пушти токенот во оптек. 

Играта собра инвестиции во тотална сума од 1.2 милиони.

Дали сега имате заработка од играта?

Во моментот, сѐ уште немаме заработка од играта бидејќи е во фаза на развивање. За неколку месеци ќе извршиме продажба на првите Genesis херои, кои ќе имаат специјална функција внатре во играта за која ќе ги објавиме деталите за брзо време. 

od-shampioni-vo-dota-2-do-kreatori-na-video-igra-koja-zarabotuva-milioni-koi-se-makedoncite-shto-stojat-zad-igrata-battle-for-giostone-07.jpg

Појаснете ни накратко како функционира играта Battle for Giostone?

Battle For Giostone е MOBA (multiplayer online battle arena) игра. Тоа значи нешто во стилот на Dota 2 или League of Legends.

За да се победи во играта секој играч ќе биде дел од тим на 5 луѓе, и целта е да се сруши противничката кула. Доколку таа цел не се заврши во рок од 25 минути, сите играчи се телепортираат во мала, замаглена средина каде што треба да се борат, и тимот што ќе остане последен е победник. 

Она што е интересно за играта е дека луѓето ќе можат да заработуваат крипто токени, т.е. пари додека ја играат. Доколку играчот поседува НФТ херој, ќе може да заработи GIOS токени по секоја победа.

Доколку играчот е најдобар во сезона и е прв на табелата, ќе добива токени како награда. Хероите ќе може да се продаваат на други луѓе и да се прави профит и таму. 

Овој тип на игри се нарекува play-and-earn, што буквално преведено значи играј и заработи. Многу луѓе на нашите простори сметаат дека игрите се само губење на време, а нашата цел е да докажеме дека таквото мислење не е точно. 

Темелите на нашата игра се еспортовите. За брзо време, ќе имаме турнири со големи награди за најдобрите играчи. Со тоа, ќе ги мотивираме младите за да ги користат своите вештини, времето и трудот за да бидат најдобри и да си обезбедат финансиски награди!

od-shampioni-vo-dota-2-do-kreatori-na-video-igra-koja-zarabotuva-milioni-koi-se-makedoncite-shto-stojat-zad-igrata-battle-for-giostone-08.jpg

Кажете ни нешто повеќе за тоа како воопшто може да се развие ваков проект во Македонија?

Кога имате љубов кон нешто, тогаш локацијата за развивање на ваква игра не е никаков фактор кој може да нè сопре.

Бидејќи сите што сме дел од тимот порано бевме страствени играчи на Dota 2, имаме пријатели од целиот свет. Сега, бидејќи крипто сферата е актуелна, имаме уште повеќе пријатели кои сакаат да помагаат и да бидат дел од еден ваков голем проект. 

Сепак, Македонија не е место за потценување. Нашите програмери се барани низ светот, и ние можеме да се гордееме дека интерниот тим за развивање на играта се наоѓа токму тука.

Со помош на интернетот сме врзани со целиот свет, и имаме многу заинтересирани играчи од Азија, Европа, и Америка. 

unnamed (7).jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg