Илон Маск: „Како дете верував дека 4 работи ќе го променат светот - кои се тие?“
Пред да стане познат милијардер со големи изуми и достигнувања, Илон Маск бил момче кое студирало физика и економија на Универзитетот во Пенсилванија.
Во текот на студирањето, од 1992 до 1997 година, сонувал да го истражува Космосот, електричните автомобили и други технолошки достигнувања, во кои верувал дека имаат моќ да го променат светот.
Ова се неговите „предвидувања“ од младоста:
1. Маск уште во 1992 година верувал дека користењето на интернет ќе го промени човештвото. Тој го споредил интернетот со нервниот систем и истакнал дека тој ќе им овозможи на луѓето ширум светот пристап до информации со големо значење, до кои вообичаено е тешко да се дојде.
2. „Сметам дека промената на човечката генетика во иднина ќе стане нормална. Прво, луѓето ќе сакаат да ги променат гените поради ризикот од тешки болести, а потоа ќе сакаат и да ги подобрат своите способности. Не велам дека тоа е добро или лошо, само тврдам дека големи се шансите да се случи во наредните децении.“
3. Маск сметал и дека за човештвото е клучно да се наоѓаат чисти и постојано обновливи извори на енергија, уште пред да се зборува за глобалното затоплување и човечкото влијание на климатските промени. Тој сфатил дека изворите на нафта, природен гас и масло, порано или подоцна ќе бидат исцрпени и крајно време е да размислуваме за нови извори на енергија.
4. На конференција посветена на вештачката интелигенција, Маск рекол дека компјутерите ќе нè надминат во секој поглед. Исто така, развојот на вештачката интелигенција ќе биде одговорен за големата невработеност на идните генерации.
Ви звучи познато?
М. Д. | Црнобело