НАСА објави видео од слетувањето на Марс снимено од роверот Perseverance

Неколку денови после успешното слетување на роверот Perseverance на Марс, од НАСА објавија видео на кое се гледа историскиот момент. Па сега, првпат во историјата на човештвото, имаме можност да погледнеме како навистина изгледа слетување на Марс.

nasa-objavi-video-od-sletuvanjeto-na-mars-snimeno-od-roverot-perseverance01.jpg

На 18-ти февруари, роверот на НАСА слета на црвената планета. Тогаш имаше пренос во живо од контролниот центар на НАСА, но поради растојанието помеѓу Марс и Земјата, немавме можност да видиме што снимале камерите поставени на роверот.

Кратко по слетувањето, роверот испрати две црно-бели фотки од површината на Марс, направени со неговите камери за навигација. Следните неколку денови беа објавени уште неколку фотки, овојпат во боја и со многу подобра резолуција, вклучувајќи и неверојатна панорама.

nasa-objavi-video-od-sletuvanjeto-na-mars-snimeno-od-roverot-perseverance-04.jpg

nasa-objavi-video-od-sletuvanjeto-na-mars-snimeno-od-roverot-perseverance-02.jpg

nasa-objavi-video-od-sletuvanjeto-na-mars-snimeno-od-roverot-perseverance-03.jpg

Панорамата од Марс е направена од шест фотографии испратени од роверот, а ТУКА можете да ја погледнете во поголема резолуција.

nasa-objavi-video-od-sletuvanjeto-na-mars-snimeno-od-roverot-perseverance-06.jpg

Сега, пак, НАСА објави и видео од самото слетување, снимено од роверот и за првпат во историјата, ние луѓето, но и вработените во НАСА, имаме можност „од прва рака“ да видиме како навистина изгледа слетување на Марс.

Во видеото се вклопени снимки од неколку камери и почнува во моментот кога се пушта падобранот кој го забавува леталото. Со помош на падобранот, за само две минути, брзината на леталото се намалува од 1.512 km/h на 306 km/h.

На видеото е снимен и моментот кога паѓа топлинскиот штит кој го штитеше роверот од огромните температури при влегувањето во атмосферата.

nasa-objavi-video-od-sletuvanjeto-na-mars-snimeno-od-roverot-perseverance-07.jpg

Потоа, на околу 12 километри од површината, падобранот се одвојува и леталото, кое е со автопилот, самото ја наоѓа точната локација на којашто треба да слета. Додека трае ова, видеото ни нуди неверојатен поглед на површината од Марс, односно кратерот Jezero.

nasa-objavi-video-od-sletuvanjeto-na-mars-snimeno-od-roverot-perseverance-05.jpg

Кон крајот на видеото, на околу 3 метри од површината на Марс се прикажани снимки од три камери – на едната се гледа леталото, односно „приземјувачот“ на кој е закачен роверот, на другата се гледа роверот снимен од приземјувачот, а на третата се гледа моментот кога роверот „стапнува“ на површината на Марс.

Уште подобро е што се гледа и прашината што ја прави во овој момент.

Овие видеа не беа достапни на моментот на слетувањето бидејќи станува збор за огромен фајл, кој треба да се испрати од Марс до Земјата. Сепак, за само неколку денови, од НАСА успеаја да добијат околу 30 GB материјал испратени од роверот, вклучувајќи го и видеото.

НАСА сподели дека на роверот има и микрофони, но не добиле добри аудиозаписи од слетувањето. Сепак, на снимката од едниот микрофон има аудиозапис од 10-тина секунди на кој се слуша марсовскиот ветар, како и механичките звуци што ги прави роверот.

Ова видео не само што ја восхитува јавноста, туку ѝ дава увид на НАСА за тоа како се одвивала секоја фаза од слетувањето. Инженерите полесно ќе ги воочат грешките доколку ги има и ќе знаат на што треба да обрнат најмногу внимание на следната слична мисија.

Спирова С. | Црнобело / Фото: NASA

Би можело да ве интересира:

НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg