Македонија на прво место на листата со жени-истражувачи на европско ниво – кои земји се после нас?

Според Институтот за статистика на УНЕСКО, во Македонија има повеќе жени истражувачи отколку мажи. Односно, од сите истражувачи во државата, дури 53,4% се жени.

makedonija-na-prvo-mesto-so-zheni-istrazhuvachi-na-evropsko-nivo-koi-zemji-se-posle-nas-01.jpgфото: depositphotos.com

Институтот за статистика на УНЕСКО (UIS) собира и анализира податоци од областа на технологијата, образованието, науката, културата и комуникацијата. Во јуни 2020-та тие ги објавија и нивните податоци за застапеноста на жените ширум светот во науката.

Со истражувањето, Институтот дошол до веќе добро познат заклучок – жените се малцинство во светот на науката и во речиси сите држави, има повеќе мажи истражувачи отколку жени.

Но, нивното истражување открива и интересен податок. Кога станува збор за застапеноста на жените во истражувачките дејности во европските држави, Македонија се наоѓа на врвот.

Односно, 53,4% од истражувачите во Македонија се всушност жени.

spored-institutot-za-statistika-na-unesko-vo-makedonija-zhenite-dominiraat-vo-istrazhuvachkite-dejnosti02.jpg

Овој процент ја става Македонија на првото место на континентот, а веднаш зад нас се Латвија со 52,2% и Србија со 51,4%. Во првите пет се наоѓаат и Црна Гора и Литванија, со 49,9%, односно 49,5%.

„Генерално, жените го сочинуваат малцинството во светот на истражувачите. Оваа брошура ги прикажува глобалните и регионалните профили, нагласувајќи каде жените напредуваат во овој сектор, и каде се во многу мал број“, пишуваат од UIS.

Според добиените податоци, ширум светот, во истражувачката дејност само 30% од истражувачите се жени. Тие се најзастапени во Централна Азија – 48,5% од истражувачите се жени – а најмалку во Јужна и Западна Азија, каде што само 23,1% од истражувачите се жени.

spored-institutot-za-statistika-na-unesko-vo-makedonija-zhenite-dominiraat-vo-istrazhuvachkite-dejnosti03.jpg

Сличен извештај беше објавен и во 2019-та година, а и тогаш Македонија се наоѓаше на врвот, со 52,3%. Ова значи дека минатата година е забележано подобрување.

spored-institutot-za-statistika-na-unesko-vo-makedonija-zhenite-dominiraat-vo-istrazhuvachkite-dejnosti02.jpg

Користејќи го извештајот од 2019-та, еден статистичар направи и интересна мапа на која се прикажани податоците.

Милош Поповиќ од Србија е статистичар кој изработува вакви мапи, со кои визуелно прикажува разни податоци, како колку студенти ја напуштиле државата, стапка на смртност од рак и слично, најмногу фокусирајќи се на Европа и Балканот.

„На Интернационалниот ден на жените и девојките научници, мојата мапа ја покажува огромната разлика во бројот на жени истражувачи низ Европа, во проценти“, пишува на објавата за извештајот од УНЕСКО.

Спирова С. | Црнобело / Фото: UIS

Би можело да ве интересира:

„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg