Глобалното затоплување е сериозен проблем - Според НАСА, 2020-та го сруши рекордот за најтопла година досега

НАСА објави видео во кое ги споредува просечните температури од 1800-тите до денес, и открива дека 2020-та, заедно со 2016-та, е најтоплата година досега.

globalnoto-zatopluvanje-e-seriozen-problem-spored-nasa-2020-ta-go-srushi-rekordot-za-najtopla-godina-dosega01.jpg

Климатските промени и глобалното затоплување веќе се сериозен проблем, но секоја година се чини дека не сме ни блиску до негово решавање. Ова го докажаа и последните податоци од НАСА, според кои 2020-та, заедно со 2016-та, е најтоплата година досега.

„Глобално, 2020-та беше најтоплата година, речиси исто како и 2016-та која го држеше рекордот досега. Севкупно, просечната температура на Земјата е зголемена за повеќе од 1,2 степени Целзиусови од 1880-тите. Температурите се зголемуваат поради човечките активности, особено емисијата на стакленички гасови, како јаглероден диоксид и метан“, пишува во описот на видеото.

Според НАСА, во 2020-та температурата била за 1,02 степени Целзиусови повисока од периодот 1951-1980. Досега, за најтопла година се сметаше 2016-та, но и во 2020-та било измерено исто зголемување на температурата.

„Последниве седум години беа најтопли досега и го продолжија трендот на драматично затоплување. Дали 2020-та го држи рекордот или не, не е важно – важно е дека затоплувањето стана долгорочен тренд. Со овој тренд, како и човечкото влијание врз температурата, можеме да очекуваме дека и овој рекорд ќе биде срушен“, изјавил Гавин Шмит, директор на Goddard Institute for Space Studies кој истражува на оваа тема.

Вo видеото на НАСА е направена споредба на просечната годишна температура со помош на топлотни мапи и е повеќе од очигледно дека глобалното затоплување предизвикува сериозна закана.

Просечните температури во 2016 и 2020:

globalnoto-zatopluvanje-e-seriozen-problem-spored-nasa-2020-ta-go-srushi-rekordot-za-najtopla-godina-dosega-02.jpg

Просечните температури пред 140 години:

globalnoto-zatopluvanje-e-seriozen-problem-spored-nasa-2020-ta-go-srushi-rekordot-za-najtopla-godina-dosega-03.jpg

Проблемите што доаѓаат со глобалното затоплување се огромни – тие се причина за топење на поларниот мраз, а со тоа и зголемување на нивото на океаните. Ова, пак, ќе предизвика многу поплави и некои експерти предвидуваат дека наскоро сите крајбрежни градови ќе бидат под вода. Истовремено, зголемената температура значи и повеќе топлотни бранови, кои дефинитивно ќе имаат негативно влијание врз флората и фауната.

Од НАСА велат дека сега е клучно да ги сфатиме долгорочните последици од глобалното затоплување и веќе мораме да се подготвиме да живееме со нив, но и да го намалиме нашиот удел во овој тренд на растење на температурата.

Зголемување на просечната годишна температура од 1880-та до 2020-та, во споредба со просекот од периодот 1951-1980

globalnoto-zatopluvanje-e-seriozen-problem-spored-nasa-2020-ta-go-srushi-rekordot-za-najtopla-godina-dosega-04.jpg

Според експертите од НАСА, минатата година се случија два големи настани кои имаа влијание врз просечната температура – пожарите во Австралија и пандемијата.

Чадот и честичките што се ослободија во атмосферата од пожарите ги блокираа сончевите зраци и веројатно придонеле за минимално намалување на температурата. Сепак, штетните честички беа и причина за загадување на воздухот, а ова, пак, е поврзано со зголемувањето на температурата.

Карантинот поради пандемијата ја намали емисијата на јаглероден диоксид, но од НАСА велат дека до крајот на годината, севкупната глобална емисија сепак била голема. Ова значи дека без карантинот, веројатно состојбата би била уште полоша.

Спирова С. | Црнобело / Фото: NASA

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg